verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фискална сметка наместо новинарски текст

on 12 - 12 - 2015       

12112015-Kurir-Plenumci-crop-resize

[Рецензија: Пленумот троши илјадници евра за лажна грижа за студентите]

 

Што е оваа медиумска содржина? Вест? Извештај? Освен првите две почетни реченици, кои известуваат дека се одржува настан организиран од „Студентски пленум“, целиот понатамошен текст е некаков попис на активности и произволни ставки за трошоци кои на крајот завршуваат со вкупна сума како за „каса прими“?!

Од кога во новинарството е воведен жанр – фискална сметка?

Се разбира, се шегуваме. Но, како поинаку да му се пријде на овој текст за да се оценат неговите професионални стандарди. Самиот текст, пристапот од кој е појдено да се пишува, налагаат подбишега…

Но, ајде да го изанализираме сериозно, достојно на овој проект и соодветно на методологијата за проверка на фактите од медиумите.

12112015-Kurir-PlenumciЛинк до оригиналниот напис: Пленумот троши илјадници евра за лажна грижа за студентите

Датум и време на објавување: 10.12.2015, 18:31

Датум на рецензирање: 11.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Еве, да тргнеме од вистинитоста која треба да ја определат фактите, точноста и веродостојноста на наводите.

Освен првите две реченици, во кои се констатира организацијата на настанот (кој и кога), целиот понатамошен текст е серија од импровизирани факти за „трошковникот“ за организирање на овој настан. Интресни цени од ракав, кои никому ништо не му значат така објавени.

Дури има и очигледно неточни информации дека Институтот отворено општество сè уште го раководи Владимир Милчин.

Следствено на методологијата, фактите во овој текст треба да бидат поткрепени од извори. Во оваа медиумска содржина нема ниту една изјава од ниту еден извор. Ниту од „Студентски пленум“ како организатор на настанот, ниту од МОФ како поддржувач, ниту, пак, од некој извор што ќе ги потврди цените од импровизираниот трошковник, фискална сметка…

Од аспектот на содржајност, според методологијата која гарантира објективна рецензија, треба да се оценат сеопфатноста и прикривањето информации. Според тоа, овој текст не е сеопфатен бидејќи ја немаме втората страна, односно тој е едностран. Прикривање информации, следствено на претходното – има, зашто ние знаеме колку навистина чини оваа манифестација. Ако тоа е воопшто битно.

Методологијата вели да ја испитаме пристрасноста и тоа воопшто не е тешко, ниту скриено. Овој текст е политички пристрасен.

Целиот текст е, всушност, еден коментар. Тоа е во спротивност и со методологијата и со професионалните стандарди утврдени и со домашниот Кодекс на новинарите, како и со сите меѓународни етички принципи на новинарството.

Сметаме дека дотука е доволно да навлегуваме во оваа анализа. Конечно, станува збор за текст со намера. Намера за да се оцрни настан, кој го организираат студенти кои нашле средства за организацијата и за нив им се одговорни на донаторот, кој, бездруго, проценил дека оваа манифестација е од интерес на студентската популација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести