Текстот мора прецизно да одговори каде се случил настанот
Објавено во Рецензии
on 12 - 12 - 2015 Автор: Симона Атанасова
[Рецензија: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми]
Уште во самиот наслов на текстот, новинарот се обидува да го изманипулира читателот да ја кликне веста и да го отвори текстот, наведувајќи го на мислење дека убиството се случило во Македонија. Тоа не е професионален пристап. Точно се знае дека новинарот мора да информира точно и прецизно да го лоцира местото и времето на настанот.
Линк до оригиналниот напис: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми
Датум и време на објавување: 09.12.2015
Датум на рецензирање: 11.12.2015
Рецензент: Симона Атанасова
Насловот информира за некакво убиство што се случило во Центар, но не е прецизирано дека станува збор за центарот на Белград, што го наведува читателот да помисли дека станува збор за скопската општина Центар.
По трката за кликнувања, новинарот се служи со сензационализам, а истовремено шири паника и страв кај читателите, бидејќи во насловот вели дека се случило убиство со истрелани 15 куршуми во место кое има исто име како една општина во Скопје.
Новинарските текстови не смеаат да се занимаваат со манипулации, туку треба точно да лоцираат и во борбата за публика да не го збунуваат читателот кој очекува точна и проверена информација. Има стандарди по кои се работи еден текст. Зошто, тогаш, постојат пет прашања на кои секогаш треба да одговори текстот? Едно од нив е и „каде“, нели? За текстов не важат тие правила, затоа и е непрофесионален.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови