Погрешно интерпретиран статус на „Фејсбук“
Објавено во Рецензии
on 11 - 12 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка]
Овој текст има проблем со две нешта: извлекување генерален заклучок од ставот на поединец и погрешно интерпретиран објавен статус на „Фејсбук“. Текстот е манипулативен и има цел да го убеди читателот во она во што сака да верува авторот.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка
Датум и време на објавување: 08.12.2015, 17:53
Датум на рецензирање: 10.12.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ, ПА ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ
Текстот, кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, но не е ставен линкот), се осврнува на новата мерка што ја најави премиерот Никола Груевски, дека од следната година студентите ќе имаат бесплатен јавен превоз, а средношколците ќе имаат „бесплатна среда“.
„Студентите и учениците низ земјава ја поздравија оваа одлука. Се чини дека истата ги израдува и оние кои се активно вклучени во структурите на опозициската СДСМ.“
Се посочува дека студентите и учениците ја поздравиле ваквата одлука, но во текстот нема изјава од ниту еден ученик или студент. Односно, останува непознато кој ја прифатил позитивно најавата на премиерот. Исто така, се нагласува дека веста ги израдувала и тие што се активно вклучени во структурите на опозицискиот СДСМ.
„Имено, Владислав Трајковски, кој е дел од Социјал демократската младина на Македонија и член на Централниот одбор на СДСМ на неговиот профил на „Фејсбук“ ја споделил информацијата во која се пренесуваат поволностите што ги најави премиерот Груевски.“
Прво, тоа што Трајковски ја споделил информацијата, автоматски не значи и дека ја поздравува. Тука, всушност, е изваден од контекст споделениот статус на Трајковски на неговиот фејсбук-профил, за што и самиот тој реагираше, исто така, преку социјалната мрежа.
Вториот проблем е генералниот заклучок кој е извлечен во насловот, дека младите од СДСМ ја поздравиле новата владина мерка. Еден поединец не може да го претставува мнозинството. Тоа, практично, е главната манипулација на авторот на овој текст – да го наведе читателот да верува во нешто што нема врска со реалноста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни, нерелевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови