verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога објави на „Фејсбук“ стануваат репер за ставот на јавноста

on 11 - 12 - 2015       

gragjani-na-fb

[Рецензија: Граѓаните со масовна поддршка за владините проекти за младите] 

 

Текстот е едностран и наведувачки. Во него се користат само фотографии од објави на социјалните мрежи, не се вметнати реакции на студентските здруженија и се дава само дел од говорот на премиерот.
gragjani-na-fbЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните со масовна поддршка за владините проекти за младите

Датум и време на објавување: 08.12.2015, 14:52

Датум на рецензирање: 10.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

СЕЛЕКТИВНОСТ

„Двата проекти за младите кои ги најави премиерот, Никола Груевски во синоќешното обраќање наидоа на масовна поддршка кај граѓаните на социјалните мрежи.

Граѓаните коментираат дека помошта за младите лица со овие мерки е голема и додаваат дека истите претставуват големо растеретување на буџетот на студентите и средношколците.“

Авторот на текстот селективно користи објави на социјалната мрежа „Фејсбук“, односно ги презентира само статусите на тие што се поддржувачи на владината мерка. Истовремено, објавите на социјалните мрежи не се сметаат за соодветно мерење на ставот на јавноста за одредено прашање.

Во текстот е наведена само изјавата на премиерот Никола Груевски, со која се најавува новата владина мерка, но не се дава реакцијата на „Студентки пленум“, кој вчера излезе со став дека мерката е добредојдена, но поради моментот на најавување, сметаат дека станува збор за злоупотреба за предизборни цели:

„Мораме да кажеме дека оваа мерка е добредојдена, во место како Македонија каде што има 50 отсто младинска невработеност. Тоа е своевидно олеснување на животот на студентите. Меѓутоа, мораме да го коментираме и моментот во кој се најавува оваа мерка, затоа што сметаме дека е злоупотреба за предизборни цели – вели Дарко Малиновски од „Студентски пленум“.“

Користејќи ги селективно избраните објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ и испуштајќи ја реакцијата на студентското здружение, читателот не може да добие реална претстава, туку добива еднострана информација во полза на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести