verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога новинарот е „лекар“ и пишува дијагнозa!

on 11 - 12 - 2015       

http___centarnews.net_HQ_mk_index.

[Рецензија: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар] 

 

Во текстот се изнесуваат невистинити информации за здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски, за што е објавен и демант од кабинетот на градоначалникот. Веста е непроверена, а не оддава чувство ниту дека се сакало да се земе изјава и со тоа да стане посодржајна.

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ДОЖИВЕАЛ СРЦЕВ УДАР_ - http___centarnews.net_HQ_mk_index.Линк до оригиналниот напис: Стевчо Јакимовско доживеал срцев удар

Датум и време на објавување: 05.12.2015

Датум на рецензирање: 10.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

 

НЕВИСТИНИТА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот се осврнува на здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош, а притоа нема ниту еден релевантен извор што ќе потврди дали Стевчо Јакимовски навистина бил на домашно лекување, а потоа, наводно, бил згрижен и на приватна клиника. Ваквиот пристап ја става под голем прашалник вистинитоста на веста.

Овде новинарот ја презема улогата на лекар и воедно  воспоставува дијагноза: „доживеал срцев удар“.

„Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше на домашно лекување, со возило на итната медицинска помош бил хоспитализиран во приватна болница во Скопје, бидејќи доживеал срцев удар.“

Во недостиг од факти и од аргументи што ќе ја потврдат информацијата за здравствената состојба на Јакимовски, во последниот дел од текстот се наведени информации кои се апсолутно ирелевантни за она што е изнесено погоре во текстот.

„Првиот човек на Општина Карпош како што претходно објавивме, не присуствуваше на роденденот на ГРОМ во Карпош, а не присуствуваше ниту на седницата на Советот во општина Карпош.“

Инаку, Општина Карпош, на својата официјална веб-страница излезе со информација дека градоначалникот и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, е во одлична здравстена состојба.

„Градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски е во одлична здравствена состојба. Шпекулациите што ги шири порталот Centarnews.net и дел од СДСМ што стои зад него се чиста лага. Дали СДСМ под ширење лаги и зли намери по интернет медиумите ја подразбира слободата на медиуми? Поради ваквите лаги и дезинформации кои иматт негативни реперкусии во приватноста, но и во јавниот живот на Карпош, овој портал наскоро ќе се најде на суд.“

Новинарството е професија на која секогаш ѝ треба проверка. Новинарот не сме да биде ниту лекар, ниту дијагностичар. За тоа си има задолжени институции. На пример, болница, која можела да биде исконтактирана, ама тоа за целите на текстот не е сторено. Исто така, еден новинарски текст не смее да ги игнорира демантите што пристигнуваат во редакцијата.

Поради сите овие пропусти, може да се заклучи дека оваа вест имала цел само да дуплира „лајкови“, а не да се натпреварува со професионалност и со стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести