Рецензии

Вест без професионални бои

на 10. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!“] Медиумот никогаш не треба да си даде за право да оцрнува некој приватен или јавен субјект или, пак, некое лице без основа и без факти. Таквиот потег го оттргнува медиумот од неговата мисија за правилно, точно и за објективно информирање. Линк до оригиналниот напис: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!„ Датум и време на објавување: 16.11.2015 Датум на рецензија: 04.11.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Деградацијата што ја прави авторот на овој текст кон еден медиум, е недозволива од професионален аспект. Нарекувајќи ја телевизијата „Шења“ портпарол на движењето Беса, тој го намалува интегритетот на својата задача. „Новиот портпарол на политичкото Движење БЕСА, телевизијата Шења, се погрижила доследно да ја пренесе намерата

По секоја цена да се оцрни опозицијата

на 10. 12. 2015 | |

[Рецензија: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите]

  Оваа медиумска содржина се потпира на паушални иформации. Дополнително, целиот напис е коментаторски, без ниту една изјава, ниту, пак, поблиску доловен извор. Никој не вели дека изворот мора да биде со име и со презиме, ама во еден новинарски текст тој треба да биде лоциран, да се добие впечаток дека изворот навистина постои. Написот што е пред нас не остава таков впечаток. Линк до оригиналниот напис: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите Датум и време на објавување: 04.12.2015, 18:19 Датум на рецензирање: 09.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ „СДСМ не сака развој, туку сака економијата повторно да се закочи, да се стопира отворањето на

Кулоарски муабети!

на 10. 12. 2015 | |

[Рецензија: Дали Спасовски е подготвен да сноси одговорност ако на Тарчуловски или на споменатите им се случи нешто?]

Овој текст се обидува цела галерија личности, почнувајќи од пратеникот Амди Бајрам, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Емил Димитриев, советникот на премиерот, Мартин Протоѓер, до Јохан Тарчуловски, да ги претстави како ликови од „посебен интерес за државата на кои им е загрозена безбедноста“, па МВР морало да им обезбеди телохранители со парите на граѓаните. Дали во овој политичко-безбедносен галиматијас во кој живееме, само ним им е загрозена безбедноста и дали сите сме еднакви пред законот? Линк до оригиналниот напис: Дали Спасовски е подготвен да сноси одговорност ако на Тарчуловски или на споменатите им се

Продавање илузии како вести

на 9. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: По фијаското на „Контравести“- караница во опозицијата за странските пари за неуспешниот проект]

  Луцидна и точна е рецептурата на читателот на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, според која е конструирана медиумската содржина што тој ни ја предлага за рецензија: „Тргнувате од една инсинуација која се однесува на некој настан или личност, а потоа на таа инсинуација ѝ додавате некој настан кој нема врска со инсинуацијата, ама ставен во таа рамка создава илузија дека содржи аргументи за илузијата“. Проблемот е во тоа што, што и да ѝ правите на илузијата, таа останува илузија, односно невистина бидејќи по дефиниција илузијата е: „Нешто што изгледа пинаку отколку што навистина е, односно нешто што е погрешно или нереално, ама

Новинарот треба да се води од јавниот, а не од партискиот интерес

на 9. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците ]

  Ова е еден политички мотивиран текст, кој изобилува со коментаторски елементи и кој има цел да го дискредитира во јавноста врвот на опозицискиот СДСМ.
Линк до оригиналниот напис: 
Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците Датум и време на објавување: 01.12.2015 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   НЕАРГУМЕНТИРАНИ НАПАДИ Уште во самиот почеток на текстот се создава една лоша слика за двоецот Заев – Шекеринска, за што, пак, нема никакви аргументи.   „Мултимилионерот Зоран Заев, кој заедно со Радмила Шекеринска со своите милиони ја предводат опозициската партија СДСМ, сега, по договорот од Пржино, мислат дека може да прават што сакаат.“  Заев и Шекеринска

Како од полувистина се добива невистинит текст

на 9. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство]

  Текстот е манипулативен, коментаторски, без реални информации и без изјави од експертите, кои се спомнуваат дури и во наднасловот. Напишаното го наведува читателот да оформи мислење дека опозицијата е против медиумите и новинарите, без притоа да му даде аргуметни за тоа. Линк до оригиналниот напис: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство Датум и време на објавување: 06.12.2015, 20:08 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова Текстот почнува со вовед во кој се вели дека со предлозите на СДСМ ќе се спроведе комплетна цензура во македонските медиуми, а дека за тоа експертите, новинарите и граѓанскиот сектор биле со единствен став. Оваа констатација е чисто

Кога со стар мебел се прави нова вест!

на 9. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција, а друго кога се на позиција]

  Текстот е коментарски и едностран, нема реакција од министерот за внатрешни работи, нема наведен избор за тврдењата, ниту, пак, поткрепа на изнесените тврдења.
Линк до оригиналниот напис: Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција, а друго кога се на позиција Датум и време на објавување: 7.12. 2015, 15:26 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров „Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денес се пофали со новиот мебел кој го набавил за своите соработници, нови фотелји, канцелариски бироа, иако неговата партија жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајќи дека ставката за набавка на канцелариски мебел и опрема ќе ја сведеле на нула.“ Авторот на текстот,

Сомнителна фотографија за сомнителен „скандал“

на 9. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Оливер Спасовски со службено возило на партиски трибини (ФОТО)]

  За да се сврти вниманието на јавноста од скандалот со злоупотреба на ресурсите на МВР и галерија на личности од владеjачката гарнитура, кои незаконски користеле обезбедување и службени возила, злоупотребувајќи го така МВР за партиски цели, се добива впечаток дека се бара „влакно во јаце“ кога станува збор за актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, па дури и преку сомнителни „скандали“ поврзани за него.   Линк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски со службено возило на партиски трибини (ФОТО) Датум и време на објавување: 6.12.2015, 21:41 Датум на рецензирање: 7.12.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ВЕСТ УМНОЖЕНА НА ГЕШТЕТНЕР

Веста под наслов „Оливер Спасовски со службено возило на

Неприфатлив наслов!

на 9. 12. 2015 | |
 

(Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола!)

  Имаме коректна вест со апсолутно некоректна насловна конструкција. Формулацијата, ај што е сензационалистичка до немај каде, туку е и невистинита. За појаснување, полицијата не пукала кон мигрантите кои се обидувале да влезат во земјава. Линк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола! Датум и време на објавување: 02.12.2015 Датум на рецензирање: 06.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

„КЛИКОВИ ЛИ СЕ, КЛИКОВИ… НОСАТ НАСЛОВИ СО ПРОБЛЕМИ ГОЛЕМИ“

Точно е дека ситуацијата била мошне тензична, ама не до таа мера за безбедносните сили да употребат огнено оружје врз луѓето. Работата да биде полоша, од новинарска гледна точка, во самиот напис

А каде е предлогот на СДСМ?

на 7. 12. 2015 | |

[Рецензија: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина]

  Ова е текст кој ги вади работите од контекст и ја извртува вистината. Има повеќе тези со кои се занимава и тие, главно, или се половично пренесени и прокоментирани или се спинувани. Написот е коментаторски скроен, а во таков манир е и насловот. Линк до оригиналниот напис: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина Датум и време на објавување: 4.12.2015, 12:03 Датум на рецензирање: 05.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   СПИНУВАЊЕ Со спинување почнува самиот текст: „При расправата за законот за прислушуваните материјали на почетокот од месец октовмри, СДСМ не сакаше да слушне за било какви казни за медиумите, а сега опозицијата бара драконски казни за своите, како што самата ги нарече