verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест без професионални бои

on 10 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!“]

Медиумот никогаш не треба да си даде за право да оцрнува некој приватен или јавен субјект или, пак, некое лице без основа и без факти. Таквиот потег го оттргнува медиумот од неговата мисија за правилно, точно и за објективно информирање.

download (1)Линк до оригиналниот напис: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!

Датум и време на објавување: 16.11.2015

Датум на рецензија: 04.11.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Деградацијата што ја прави авторот на овој текст кон еден медиум, е недозволива од професионален аспект. Нарекувајќи ја телевизијата „Шења“ портпарол на движењето Беса, тој го намалува интегритетот на својата задача.

„Новиот портпарол на политичкото Движење БЕСА, телевизијата Шења, се погрижила доследно да ја пренесе намерата и целта зошто се појавува во етерот во Македонија, копирајќи ги и боите на знамето на Република Турција. Белата и црвената боја, се единствените две комбинации, но секако со различни симболи, кои што се наоѓаат на турското знаме, односно на логото на ова телевизија…“

Новинарите треба да обработуваат теми што се од општ интерес, а не да ги задоволат личните апетити, обидувајќи се да ги деградираат другите. Не е од општ интерес да се направат вести за боите на логото на некоја телевизија, особено зашто во текстот се забележува тенденциозност. Логото на еден медиум не е показател за неговата политичката пристрасност и за еден новинар е необјасниво да суди за употребата на одредени бои во него.

Ако е така, како што наведува новинарот, тој треба да ги потврди своите заклучоци. Во спротивно, тоа останува само претпоставка.

Од друга страна, новинарскиот продукт што го рецензираме се повикува на познавачи на политичките збиднувања, меѓутоа нивните ставови не се пренесени во текстот. Тоа е уште еден доказ дека новинарот пласира неосновани коментари.

Покрај тоа, во текстот не е опфатена и страната што е предмет на содржината. Се зборува за историјатот на една телевизија на едностран начин, при што не се дава простор за изјаснување на субјектот што е критикуван.

Медиумот не треба да се користи за оцрнување на тие што не се на иста идеолошка линија со сопствената уредувачка ориентација. Јавноста сака да чита точни, проверени и објективни информации, а не лични ставови во вид на вести, чија намена е лична пресметка.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести