verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога со стар мебел се прави нова вест!

on 9 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

dime-foot-recenzija-crop-resize

 

[Рецензија: Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција, а друго кога се на позиција]

 

Текстот е коментарски и едностран, нема реакција од министерот за внатрешни работи, нема наведен избор за тврдењата, ниту, пак, поткрепа на изнесените тврдења.
dime foot recenzija

Линк до оригиналниот напис: Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција, а друго кога се на позиција

Датум и време на објавување: 7.12. 2015, 15:26

Датум на рецензирање: 08.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

„Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денес се пофали со новиот мебел кој го набавил за своите соработници, нови фотелји, канцелариски бироа, иако неговата партија жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајќи дека ставката за набавка на канцелариски мебел и опрема ќе ја сведеле на нула.“

Авторот на текстот, испуштајќи дел од информацијата, наведува дека министерот не соопштил колку чини новиот мебел и дава коментар. Никаде во текстот нема попрецизна информација за тоа за каков мебел се работи. За колку фотелји, бироа, телевизори? Дали тие се набавени за неговата кацеларија или и за просториите на другите вработени? Сетоа ова го прави воведот конфузен и се добива впечаток дека и не се знае точно за што се работи, освен што се гледа дека треба да се нападне министерот.

„Спасовски не кажа колку чини новонабавениот канцелариски мебел, но од фотографиите објавени во медиумите може да се види дека истите воопшто не се евтини, а уште помалку нула денари.“

И овој дел од инфромацијата е неточeн. Спасовски на брифингот го покажа мебелот во канцеларијата и соопшти дека нема ништо ново купено, туку дека тоа го наследил од своите претходници.

Во текстот нема изјава од министерот, нема поткрепа на изнесените информации со прецизно идентификувани извори.

Како извор е употребена фразата „дел од вработените“, која е искористена за да се даде свое видување и коментар.

Текстот без наведување извори и без поткрепа на изнесените информации не му дава можност на читателот да ја оцени реалната состојба, туку со нивно испуштање се обидува да промовира еднострана слика за ситуацијата, гледана низ призмата на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести