verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како од полувистина се добива невистинит текст

on 9 - 12 - 2015       

12355750_10205572966019845_913735937_o-crop-resize

 

[Рецензија: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство]

 

Текстот е манипулативен, коментаторски, без реални информации и без изјави од експертите, кои се спомнуваат дури и во наднасловот. Напишаното го наведува читателот да оформи мислење дека опозицијата е против медиумите и новинарите, без притоа да му даде аргуметни за тоа.

12355750_10205572966019845_913735937_oЛинк до оригиналниот напис: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство

Датум и време на објавување: 06.12.2015, 20:08

Датум на рецензирање: 08.12.2015

Рецензент: Симона Атанасова

Текстот почнува со вовед во кој се вели дека со предлозите на СДСМ ќе се спроведе комплетна цензура во македонските медиуми, а дека за тоа експертите, новинарите и граѓанскиот сектор биле со единствен став.

Оваа констатација е чисто коментаторска и не е образложена ниту потврдена никаде во текстот, во кој изостануваат изјавите од експертите, новинарите и од претставниците на граѓанскиот сектор, но не изостанува коментарот на новинарот кој го напишал текстот, а не се потпишал.

Во текстот се вели:

„Во функција на изборите кои се закажани во април, СДСМ во преговорите предложи комплетна цензура и можност кадар од Бихаќка по сопствено убедување кога сака да може да ги затвори телевизиите за кои Заев сам изјави дека се најголеми непријатели на СДСМ. Во функција на изборите кои се закажани во април, СДСМ во преговорите предложи комплетна цензура и можност кадар од Бихаќка по сопствено убедување кога сака да може да ги затвори телевизиите за кои Заев сам изјави дека се најголеми непријатели на СДСМ.“

Тука новинарот, всушност, спинува со делумно точни информации, а изјавата не ја пренесува целосно, туку само оној дел што му треба за да ја манипулира јавноста. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, никаде во изјавата не вели дека сака да ги затвори телевизиите за кои изјави дека се најголеми политички непријатели на СДСМ.

Заев, всушност, изјави:

„СДСМ и опозицијата се борат за независни медиуми во Македонија. Зависноста на медиумите, знаат и малите деца од кој е, од страна на извршната власт. Продолжуваме со борбата да го исполниме и овој важен критериум без кој нема да имаме фер, регуларни и демократски избори. Во моментот, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и МРТВ. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои меѓу другото се финансирани делумно и од пари на граѓаните.“

Освен нецелосно пренесена изјава, нема никаква потврда дека СДСМ во преговорите предложил целосна цензура. Ова го демантираше и Роберт Поповски, член на работната група на СДСМ во преговорите за медиумите, кој за „Мета“ рече:

„Во еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не, рече Поповски.“

Во текстот се вели дека „опозицијата бара да се забранат информативните емисии во кои нивните функционери не сакаат да се појавуваат, а новинарите да не можат да пишуваат доколку некој од кадрите на СДСМ и нивните поддржувачи не се согласи да им даде дозвола за тоа“, но никаде нема извор на информации од каде новинарот го заклучил ова, ниту, пак, изјава од некој член на опозицијата, кој би потврдил вакво нешто.

Подолу во текстот има тврдење дека за новинарите ваквиот предлог на СДСМ е уште еден обид да се прикрие „невидената неспособност на нивниот лидер“, но во текстот нема ниту една изјава од новинар, кој го би го поткрепил ваквиот став на новинарот што го напишал текстот.

Во него се изнесува став и дека Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е силно контролирано од СДСМ, но тој став не е образложен со ниту еден пример, аргумент или факт, туку само се дава коментар во текст кој претендира да биде информативен.

Ова е целосно спинуван текст, при што од полувистина се прави целосна невистина. Тоа не е идејата на новинарството. Напротив, за текстот да биде професионален, тој треба целосно да е точен, објективен и содржаен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести