verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да се води од јавниот, а не од партискиот интерес

on 9 - 12 - 2015       

Заев тргна директно против пензионерите, администрациј_ - http___republika.mk_ 1

 

[Рецензија: Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците ]

 

Ова е еден политички мотивиран текст, кој изобилува со коментаторски елементи и кој има цел да го дискредитира во јавноста врвот на опозицискиот СДСМ.


FireShot Capture 41 - Заев тргна директно против пензионерите, администрациј_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: 
Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците

Датум и време на објавување: 01.12.2015

Датум на рецензирање: 08.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕАРГУМЕНТИРАНИ НАПАДИ

Уште во самиот почеток на текстот се создава една лоша слика за двоецот Заев – Шекеринска, за што, пак, нема никакви аргументи.

 

„Мултимилионерот Зоран Заев, кој заедно со Радмила Шекеринска со своите милиони ја предводат опозициската партија СДСМ, сега, по договорот од Пржино, мислат дека може да прават што сакаат.“ 

Заев и Шекеринска се посочуваат како милионери, а нема објаснување за таквата констатација, односно нема приложено никаков доказ за нивната финансиска состојба.

Потоа, повикувајќи се на анализи на јавното мислење, без да се  каже конкретно за кои рејтинг-агенции станува збор и каде се резултатите од нивните испитувања, ги наведува читателите на мислење дека СДСМ ќе ги изгуби и изборите во април наредната година. Всушност, текстот се става во улога на претскажувач, а тоа нема некаква поврзаност со новинарската професија.

Написот продолжува со оцрнувачки тон и вели:

„Први на удар на нивната одмазда и омраза се луѓето што го прочитаа антидржавното однесување и не им дадоа поддршка. Со своите инсталации во власта поставени спротивно на изразената политичка и демократска волја на граѓаните преку избори, врхушката на СДСМ сака да му наштети на секој граѓанин, терајќи свој политички хир поттикнат од патолошката омраза и реваншизам.“ 

Но, „омраза и одмазда“ се сериозни квалификации и за да се каже тоа, треба да се има сериозни докази и индикации дека, во случајов, Заев и Шекеринска, чувствуваат такво нешто.

Исто така, текстот не нуди ниту поткрепа за тврдењето:

„…струмичкиот градоначалник, кој пак само во годините кои ги оценува како „режимски“, признава дека успеал да стекне милионски суми на евра.“

Кога и каде Заев признал дека успеал да стекне милионски суми евра? Има ли авторот на овој текст доказ за ваквите тврдења? Ако има, треба да му ги пренесе на читателот, во спротивно сето тоа паѓа во вода.

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Во вториот дел од написот на читателската публика ѝ  се сервира една фино спакувана манипулација дека Наумов е виновен што ќе немало пари за исплата на пензии и плати! Тука се мисли на ветото што Наумов го стави за задолжувањето од 500 милиони евра преку издавање еврообврзница, по што државата се задолжи само за 270 милиони евра.

Па, според логиката на оваа манипулација, поради тоа што Неумов спречил речиси двојно поголемо задолжување, ќе нема пари за плати и за пензии. А, зошто државата мора да се задолжи за да ги исплати пензионерите и социјалците? На тоа прашање авторот на овој текст нема одговор.

Завршниот дел од написот испраќа предупредувачка порака до читателите во стилот „Еве што ќе се случи ако Заев и Шекеринска дојдат на власт“.

 „Ако сега, со неколкумина технички министри и заменици СДСМ успева да го доведе во прашање нормалното функционирање и финансиското работење на државата, граѓаните со право се прашуваат, како и каде ли СДСМ планира да ги одведе државата и граѓаните доколку ја преземат власта?“

Ова прозвучува како фрагмент од политички говор и нема некоја допирна точка со новинарството. Еден професионален новинарски текст треба да понуди информации, факти и докази, а, пред сè, да се води од јавниот, не од партискиот интерес.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести