verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А каде е предлогот на СДСМ?

on 7 - 12 - 2015       

recenzija-mediumi gjorchev 11

[Рецензија: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина]

 

Ова е текст кој ги вади работите од контекст и ја извртува вистината. Има повеќе тези со кои се занимава и тие, главно, или се половично пренесени и прокоментирани или се спинувани. Написот е коментаторски скроен, а во таков манир е и насловот.

recenzija mediumiЛинк до оригиналниот напис: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина

Датум и време на објавување: 4.12.2015, 12:03

Датум на рецензирање: 05.12.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СПИНУВАЊЕ

Со спинување почнува самиот текст:

„При расправата за законот за прислушуваните материјали на почетокот од месец октовмри, СДСМ не сакаше да слушне за било какви казни за медиумите, а сега опозицијата бара драконски казни за своите, како што самата ги нарече – непријатели… 

Тогаш, ставовите на опозицијата беа дека тие генерално се против да гласаат закон во кој медиумите добиваат макар и парична казна, додека сега со новиот закон за медиуми СДСМ предлага 10 до 15 илјади евра глоба за медиумите…“ 

СДСМ, пак, досега, нема  предложено текст на закон за медиуми.

Навистина, некои медиуми објавија наводни документи, тврдејќи дека се работи за прелдог на СДСМ, но за тоа нема потврда ниту од опозициската партија, ниту од власта. Барем, не официјално.

На серијата напади врз СДСМ за наводно „неевропскиот“ закон, Роберт Поповски, преговарач од редовите на СДСМ, во работните групи за медиумите, во изјава за „Мета“  вели:

„Во еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не.“

Исто така, за овој „предлог на СДСМ“ потврда досега (7 декември 2015 година) не стигна ниту од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

 

САМО ЕДЕН АГОЛ

Од друга страна, точно е дека медиумите го критикуваа  предложеното законско решение за забрана на објавувањето на „бомбите“, но во текстот никаде ги нема причините за тоа.  Синдикатот на новинарите, инаку, предлогот го оквалификува како „обид за цензура кој дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и претставува сериозна закана за работата на новинарите“.

Реакција за ова имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече:

„Очекуваме да се повлече предлогот. ДБК и Мијалков имаат тројно повеќе материјали, катастрофа е да бараат ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ да не се објавуваат бомбите, но и да се бришат што практично значи бришење на колективната меморија на народот. СДСМ се согласува дека треба да се стави забрана за идно објавување за да не се злоупотребат снимките, но веќе објавените бомби мора да бидат ставени на маса и за нив да се дебатира, согласно договорот од Пржино што подразбира и ангажирање на специјалниот обвинител.“

Тврдењето, пак, дека „бруталната партизација на медиумите што СДСМ сака да ја спроведе започнува со нивниот предлог“, е невистинито.

Од СДСМ за ова велат:

„Предлозите што ги достави СДСМ се базираат врз основа на сите извештаи што до сега ги има за Република Македонија за слободата на медиумите. Пад од стотина места на ранг листите на оние коишто го анализираат овој дел, исто така на извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, Прибе извештајот, на Европската комисија така да состојбата е констатирана и ние правиме се до 24 април да се  создаде можност за избалансирано известување и за простор на опозицијата да ги каже своите ставови.“

Фактички, овој текст е целосно едностран. Никаде ги нема изјавите или брифинзите од опозицијата за гледачите да може самите да проценат дали и какви прелдози има СДСМ. Видливо е дека идејата на овој материјал не е да информира објективно, туку да ја прикаже сликата само од аголот на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести