verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неприфатлив наслов!

on 9 - 12 - 2015       

11112-crop-resize

 

(Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола!)

 

Имаме коректна вест со апсолутно некоректна насловна конструкција. Формулацијата, ај што е сензационалистичка до немај каде, туку е и невистинита. За појаснување, полицијата не пукала кон мигрантите кои се обидувале да влезат во земјава.

1111Линк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола!

Датум и време на објавување: 02.12.2015

Датум на рецензирање: 06.12.2015 

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„КЛИКОВИ ЛИ СЕ, КЛИКОВИ… НОСАТ НАСЛОВИ СО ПРОБЛЕМИ ГОЛЕМИ“

Точно е дека ситуацијата била мошне тензична, ама не до таа мера за безбедносните сили да употребат огнено оружје врз луѓето. Работата да биде полоша, од новинарска гледна точка, во самиот напис многу прецизно се нотира дека македонската полиција употребила солзавец кон насобраните и дека во еден момент било пукано во воздух како предупредување.

„Македонската полиција пушти солзавец за да ги потисне мигрантите, а еден полицаец пукал во воздух во знак на предупредување…“

Тоа, секако, не значи и дека било пукано кон бегалците, тврдење кое, како што е „накитен“ насловот, е надвор од секој памет. Затоа, нејасно е од каде и зошто е пласирана конструкцијата:

„Полицијата пука кон бегалците: ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола!“

И други портали кои се потпреле на информацијата на „Ројтерс“ употребиле многу посоодветен наслов, кој во целост ја одразува ситуацијата на теренот.

Плус, конкретниот напис е илустриран со фотографии кои се вознемирувачки, но кога ќе се искомбинираат со насловната конструкција, добиваат поинакво значење – како навистина да станува збор за некаква си престрелка, што, секако, не е точно.

Според „Новинарските жанрови“, идејата на насловот во голема мера треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот и општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското.

Оттука, јасно е дека насловната конструкција е целосна утка зашто во никој случај не одговара на самиот напис.

Имаме пример за тоа како насловот наместо да информира, всушност, ја дезинформира публиката. А, се поради тие пусти кликови, кликови….

Сензационализмот е вид на пристрасно уредништво во мас-медиумите во кое настаните и темите се преувеличени за да прикажат пристрасни впечатоци за настани што може да предизвикаат манипулација со вистината.

Би кажал соодветна дефиниција за овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

има во насловната конструкција

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

може да дадат ефект на манипулација искомбинирани со насловот

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести