Рецензии

Шок од празен сензационализам!

на 3. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег]

  Во новинарството постојат вести и лажни вести. Но, некако не сме чуле дека постојат вести и не-вести. Односно, дека постои наслов, згора и сензационален, ама вест не постои. Како што во конкретниот случај, ни се најавува „ жежок костен“, ама во „ќулавката“ нема ни трага од плодовите. Линк до оригиналниот напис: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег
Датум и време на објавување: 29.11.2015 Датум на рецензирање: 01.12.2015 Рецензент: Љубомир Костовски   ПАНИЧЕН НАСЛОВ  Сензацијата што се најавува со паничниот наслов: „(ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција,

Како Адем Јашари стана министер во Македонија?!

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Aдеми во ДУТ: Ќе изградиме модерен студентски дом во Тетово. Нов објект ќе има и Факултетот за Медицина]

  Пред неколку дена, едно соопштение за печат кое беше испратено до уредништвата на медиумите од Министерството за образование, беше извор за вест за многу медиуми, особено портали. Негативниот аспект кој неколкупати сме го обработувале како карактеристика на непрофесионалност, се повтори. Медиумите (порталите) го пренесоа целото соопштение во форма „копи-пејст“, со сите точки и запирки, како што беше испратено. Несакајќи, медиумите станаа „соучесници“ во грешката на ова соопштение, кое го пренесоа без да го разгледат. Причината: повеќето „новинари“ ниту ги читаат соопштенијата што им се испратени од разни институции, а де не зборуваме за нивнo обработување според новинарските норми за една

Текстот заборава кој е на власт, а кој во опозиција

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа]

  Под превезот на информација, на читателите им се нуди коментар кој ги напаѓа првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Во ова четиво јасно се препознава намерата да се оцрнат претседателот и заменик-претседателката на најголемата опозициска партија. Линк до оригиналниот напис: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа Датум и време на објавување: 30.11. 2015, 16:36 Датум на рецензија: 01.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев ИЗМЕШАНИ „ЛОНЧИЊА“ Текстот неуспешно прави споредба помеѓу сегашниот лидер на СДСМ и поранешната претседателка на партијата. „Ваквите зборови на Заев потсетуваат на ветувањата на неговата заменичка Радмила Шекеринска. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само

Површно, многу површно

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Турција има моќна армија – еве што го чека Путин ако сака да ја уништи]

  Охрабрува тоа што сѐ повеќе граѓани реагираат на непрофесионални новинарски содржини. Барем според нивните предлози за реакции на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“. Оваа рецензија е поттикната токму од еден таков предлог на наш читател, кој уште во првата реченица „препознал практика на манипулатори со кликови (не заслужуваат назив медиуми) да се стави наслов кој ја користи чувствителноста на ситуацијата“. Иако може да се најде оправдување и разбирање за стилот на реакцијата, ќе ги прескокнеме во рецензијата поострите зборови на предалагачот, но ако е некој љубопитен што прескокнуваме, слободно може да си прочита сам во категоријата „Сите предложени написи“, на веб-страницата 

На нероден Петко, капа му кројат!

на 1. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена?]

  Ова е еден крајно манипулативен и тенденциозен текст кој има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и начинот на кој таа работи. Написот наменски ги толкува фактите и форсирано наметнува дилеми, за кои авторот дава сопствени видувања. Линкуван наслов на анализираниот напис: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена? Датум и време на објавување: 27.11.2015 Датум на рецензирање: 30.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   ИСФОРСИРАНА ДИЛЕМА Зошто Јанева наместо да ги земе сите предмети одеднаш, побарала само пет предмети? Ова е основната дилема што авторот ја наметнува кај читателот. Одговорот на ова прашање, пак, е содржан подолу во

Пристрасност на „задоволително“ високо ниво

на 1. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Деструкцијата на СДСМ кулминира- блокирани пензии, плати и социјала]

  Ова е текст произлезен од некоја паралелна димензија, во која изгледа дека реалноста не е многу на цена, ама за сметка на тоа, спинот како да е секојдневие во тој алтернативен универзум. Се обвинува опозицијата за некаква си деструкција на државата зашто заменик-министер за финансии од нејзините редови го блокира новото 100-милионско задолжување на власта, за кое е проценето дека е непотребно во толкав обем. Значи, партијата што притиска да нема големи задолжувања што ги плаќаат граѓаните, а не владејчката постава што решава да се заборчува, е обвинета дека сака уништување и блокирање на општеството. Навистина, што димензија ќе беше таа?! Линк до оригиналниот напис: Деструкцијата на СДСМ

Текст потпрен само на фејсбук-статус

на 1. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје]

  Овој материјал е преземан од друго место, каде што е направен текст од статус на „Фејсбук“.  Тоа е крајно несериозно за еден новинарски текст, како и за самата телевизија, која е доста гледана во регионот. Притоа, текстот се служи со погрдни зборови со кои се претендира да се омаловажи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Линкуван наслов на анализираниот напис: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје Датум и време на објавување: 29.11.2015 Датум на рецензирање: 30.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Статус на „Фејсбук“,  напишан по „дојава на очевидец“, станува текст во еден „портал“, а оттаму „веста“ добива место на веб-страницата

И авионите ги убиваат, зарем не?!

на 1. 12. 2015 | |

[Рецензија: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација]

  Како беше онаа народната: „ Брза кучка слепи кучиња раѓа“, или со други зборови, брзањето не носи добро. Е, токму тоа го имаме во овој напис – брзина голема, за грешка преголема. Епилогот е хумористичен наслов кој не би му го посакал никому во информативното новинарство.   Линк до оригиналниот напис: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација  Датум и време на објавување: 27.11.2015   10:20  Датум на рецензирање: 29.11.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ГАФ ВО НАСЛОВОТ  Сум слушнал за разни видови насилства, сум прочитал за свирепост на луѓе кон други луѓе, но и кон животни, ама досега не сум знаел дека авионите може да

Објавување „анонимки“ не е новинарство

на 1. 12. 2015 | |


[Рецензија: Организирана хомосексуална проституција и криминал на адвокатската улица во Скопје]

  Рецензираме напис што ги нема особеностите на еден новинарски производ, а сепак на публиката ѝ е пласиран како таков, веројатно поради процената дека насловот и темата се доволна провокација за да се оправда неговото објавување. Се работи за пренесено писмено обраќање на група граѓани до градоначалникот на скопската општина Центар, во кое тие му укажуваат на еден проблем со кој се соочуваат во својата улица и бараат од него да реагира. Но, материјалот е објавен необработен од новинар, без да се понуди кредибилен извор и без поткрепа од факти, па изгледа како да е објавен само за да заскокоткаат нечии страсти за сензационализам, а не за да информира.

Критиките без аргументи немаат тежина

на 30. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ]

  Националните активности и празници сè уште се од голем интерес за албанската јавност. Истовремено, поврзувањето на овие настани со политиката во време на длабока политичка криза, побудува двоен интерес. Но, тоа не треба да се злоупотреби од новинарите за да се направат сензационални вести кои немаат тежина. Линк до оригиналниот напис: “Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ” Датум и време на објавување: 22.11.2015 Датум на рецензија: 23.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими   ТЕКСТ БЕЗ ИЗВОРИ Овој напис уште во самиот наслов констатира дека одбележувањето на Денот на албанската азбука во Битола (22 ноември 2015 година), бил „политизиран празник“, и дека „Музејот