verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

На нероден Петко, капа му кројат!

on 1 - 12 - 2015       

Многу-нејаснотии-и-дилеми-Зошто-СЈО-бара-предмети-на-секои-15-дена- (1)

 

[Рецензија: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена?]

 

Ова е еден крајно манипулативен и тенденциозен текст кој има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и начинот на кој таа работи. Написот наменски ги толкува фактите и форсирано наметнува дилеми, за кои авторот дава сопствени видувања.

Многу нејаснотии и дилеми Зошто СЈО бара предмети на секои 15 денаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена?

Датум и време на објавување: 27.11.2015

Датум на рецензирање: 30.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ИСФОРСИРАНА ДИЛЕМА

Зошто Јанева наместо да ги земе сите предмети одеднаш, побарала само пет предмети? Ова е основната дилема што авторот ја наметнува кај читателот.

Одговорот на ова прашање, пак, е содржан подолу во текстот, односно во делот каде се цитира соопштението од Специјалното јавно обвинителство.

„Планот воедно опфаќа и листа на предмети кои ќе бидат побарани. При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата земена е предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат предметите, како и обемноста на истите, соопштија од СЈО.“

Но, и покрај тоа што во написот е презентирано образложението од СЈО, кое е прилично јасно (дека има подготвено план по кој ќе работи и има утврдено динамика по која ќе ги разгледува предметите), сепак, текстот изнасилено поставува дилема и креира перцепција дека има некакви нејаснотии во работата на СЈО.

 

ВИРТУЕЛНИ ЕКСПЕРТИ

Исто така, дискутабилен е и вториот дел од написот, каде се повикуваат на помош „познавачи“ и  „експерти“ по ова прашање.

„Експертите коментираат дека порационално е да се земат сите предмети одеднаш, отколку на секои 15 дена по пет предмети. Дополнително, се поставува и прашањето зошто сега се земаат само 5 предмети, доколку се имаат во предвид барањата од 120 лица за да може СЈО да почне да работи во полн капацитет?!“

А каде се експертите? И кои се тие?

Во текстот нема изјави, ниту, пак, е посочен конкретно некој експерт, со име и со презиме, за да ја разјасни дилемата на новинарот. Според тоа, лесно може да се заклучи дека такви експерти воопшто не постојат, туку толкувањето е по лично убедување на неименуваниот автор, што е сосема спротивно на професионалните новинарски стандарди.

Втората дилема во текстот е зошто 12 специјални јавни обвинители ќе работат на пет предмети, кога еден јавен обвинител работел по 40 предмети. Како поткрепа на ова, пренесена е изјава од јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

„Фактот што јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител. Обвинителството за организиран криминал има 12 обвинители кои на годишно ниво работат на над 400 предмети, изјави Зврлевски во моментот кога Советот за јавни обивнители првично објави дека прифаќа 7 од предложените помошници на Катица Јанева.“

Значи, според математиката на Зврлевски, еден јавен обвинител од обвинителството за организиран криминал работи во просек на 33 предмети годишно, не 40 како што се пренесува во текстот. Ова, секако, нема никаква врска со работата на Специјалното јавно обвинителство и во случајов е ирелевантно зашто тоа е на почетокот на својата работа, па останува јавноста да види колку предмети ќе заврши тимот на Јанева за една година.

Според тоа, не може новинарот однапред да дава оцени, односно да оценува претпоставки. Ова звучи како онаа народната: „На нероден Петко, капа му кројат“.

 

А ГЛАСАШЕ ЛИ НЕКОЈ „ПРОТИВ“ ИЗБОРОТ НА ЈАНЕВА?

Текстот продолжува во истиот критизерски тон, при што ги проблематизира платите на специјалните јавни обвинители:

„Математиката вели, дека со 211.000 евра месечно за плати и надоместоци, сите 124 вработени во Специјалното јавно обвинителство би земале плата во просек од околу 1700 евра, а тоа е за скоро 5 пати повеќе од просечната плата во Македонија.“

Во Законот за специјално јавно обвинителство, пак, во членот 14, јасно е наведено колкава плата ќе земаат специјалните јавни обвинители.

„Платата на јавниот обвинител се определува во висина од 10проценти пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија. (2) Платата на јавните обвинители во Јавното обвинителство се определува во висина на платите на јавните обвинители во Основното јавно обинителство за гонење организиран криминал и корупција. (3) Јавниот обвинител и јавните обвинители во Јавното обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост.“

На крај, за манипулацијата да биде комплетна, Јанева се поврзува со опозицискиот СДСМ и се наметнува ставот дека таа работи онака како што ѝ налага опозицијата.

Меѓутоа, авторот на овој текст, случајно или намерно, заборавил да спомене дека Јанева беше предложена за специјален обвинител со согласност на четирите најголеми партии, а на таа функција ја избраа пратениците во Собранието без ниту еден глас против.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести