verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Површно, многу површно

on 2 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12012015-Press24-Turcija-Ar (2)

[Рецензија: Турција има моќна армија – еве што го чека Путин ако сака да ја уништи]

 

Охрабрува тоа што сѐ повеќе граѓани реагираат на непрофесионални новинарски содржини. Барем според нивните предлози за реакции на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“. Оваа рецензија е поттикната токму од еден таков предлог на наш читател, кој уште во првата реченица „препознал практика на манипулатори со кликови (не заслужуваат назив медиуми) да се стави наслов кој ја користи чувствителноста на ситуацијата“.

Иако може да се најде оправдување и разбирање за стилот на реакцијата, ќе ги прескокнеме во рецензијата поострите зборови на предалагачот, но ако е некој љубопитен што прескокнуваме, слободно може да си прочита сам во категоријата „Сите предложени написи“, на веб-страницата на СПФМ.

12012015-Press24-Turcija-ArЛинк до оригиналниот напис: Турција има моќна армија – еве што го чека Путин ако сака да ја уништи

Датум и време на објавување: 25.11.2015 – 21:01

Датум на рецензирање: 01.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

МАНИПУЛАЦИИ, ПРОПАГАНДА И КЛИКОВИ

Како и да е, крајно непрофесионално е да најавите во насловот сторија за моќна армија, да го засолите тоа со најава „што го чека Путин ако сака да ја уништи“, а потоа да наредите линкови од „Јутјуб“ на кои се прикажани одделни борбени средства на турската армија.

И мало дете знае дека тој тип видеоснимки имаат промотивна и пропагандна функција и дека никако не можат да бидат вклучени во новинарски текст, на толку сериозна тема во толку сериозни и кризни времиња, без потребната професионална новинарска дистанца и избалансираност.

Кога новинарите се впуштаат во презентација на вакви деликатни содржини, тогаш тоа мора да се прави со посредство на експерти, стручни лица од областа на армиската и на воената сфера.

Затоа е сосема во право нашиот читател кој ни укажа на оваа неодржлива медиумска содржина кога вели:

„Ако сакаш да прикажеш некаква споредба на силите треба да ги претставиш двете армии, опрема и проценка на бројна состојба на копно, море, воздух итн… Потоа искуство од досегашни борбени дејствија… „За“ и „против“ аргументи за воен колфликт…“

Не е исклучено дека вакви видеоматеријали какви што се (зло)употребени во оваа медиумска содржина можат да се користат, но само со дополнително известување за тоа од каде доаѓаат, кој ги продуцирал, која е нивната првенствена намера…

Оттаму, не ни останува ништо друго освен да заклучиме дека единствена цел на оваа „сторија“, озаглавена со манипулативен наслов, е да освои што повеќе кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести