verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објавување „анонимки“ не е новинарство

on 1 - 12 - 2015       

download

[Рецензија: Организирана хомосексуална проституција и криминал на адвокатската улица во Скопје]

 

Рецензираме напис што ги нема особеностите на еден новинарски производ, а сепак на публиката ѝ е пласиран како таков, веројатно поради процената дека насловот и темата се доволна провокација за да се оправда неговото објавување. Се работи за пренесено писмено обраќање на група граѓани до градоначалникот на скопската општина Центар, во кое тие му укажуваат на еден проблем со кој се соочуваат во својата улица и бараат од него да реагира. Но, материјалот е објавен необработен од новинар, без да се понуди кредибилен извор и без поткрепа од факти, па изгледа како да е објавен само за да заскокоткаат нечии страсти за сензационализам, а не за да информира.

Иако не се исклучува можноста дека се работи за автентичен допис до локална самоуправа за реален проблем и за вистинито барање за помош, тоа од овој напис, односно прилог, не може да се заклучи.

Рецензија: Објавување анонимки не е новинарствоЛинк до оригиналниот напис: Организирана хомосексуална проституција и криминал на адвокатската улица во Скопје

Датум и време на објавување: 23.11.2015, 16:19

Датум на рецензирање: 28.11.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ТЕКСТ НА „ЖИМИ МАЈКА“

Во написот се вели дека до редакцијата стасал мејл од група револтирани граѓани, кои се жалат дека во нивната улица се одвива проституција, чии главни актери се хомосексуалци, што нив ги вознемирува и им го попречува нормалното живеење. За ова, според написот, тие го известиле градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, но тој, наводно, ништо не презел. Па, затоа повторно му се обраќаат со закана дека ќе бараат заштита од полиција, а ќе ги запознаат и медиумите со својот проблем.
Не навлегувајќи во анализа на тоа дали се работи за автентично писмо на граѓани или не, уште на прв поглед може да се заклучи дека медиумот и новинарот воопшто не си ја завршиле работата со тоа што го објавиле. Имено, ниту новинар заминал на местото што се посочува да направи увид во состојбата и да има материјал од терен, ниту има изјави на очевидци или евентуално од авторите на писмото. До нив, сепак,  можело да стаса дури и ако се анонимни, бидејќи, според она што стои во написот, до редакцијата се обратиле со електронска пошта. Исто така, во прилогот нема ниту изјава од надлежно лице – од повиканите претставници на Општина Центар… Со еден збор, написот нема ама баш ништо од она што минимално треба да има еден текст за да биде наречен новинарски.
А без овие елементи, на текстот треба или да му се верува на „жими мајка“ или да се отфрли како нерелевантен, аматерски обид за сензационализам.

Тоа што овој напис се повикува на наводно вистинско писмо на група граѓани и го цитира во целост, сосе јазичните грешки, не му додава автентичност. Според новинарските правила, не е доволно само да имаш извор на информација, треба да провериш дали тој извор е релевантен, дали неговото користење е соодветно за контекстот или не, да извлечеш од него сè  што  ја интересира јавноста во врска со темата, а што ќе значи целосно информирање и, секако, доколку постои втора страна на проблемот, таа да се побара за изјава. Тука имаме анонимен извор за кој се сомневаме дека е веродостоен, бидејќи не е направено ништо за читателот да се увери дека писмото е автентично и дека појавата за која се пишува, навистина постои. Ваквиот пристап го прави написот несеопфатен.

 

А ВТОРАТА СТРАНА?

Веќе образложивме зошто овој напис не го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Но, поради сериозните пропусти во третманот на темава, може да се постави дилемата и дали написов, можеби, прикрива информации.

Иако не се манифестира отворена пристрасност со написов, сепак, ставен во поширок контест, тој укажува на некоректен третман на, условно кажано, втората страна, поточно повиканиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Очигледно е дека не е сторен никаков напор да се побара мислење, став од него за овој проблем, што би бил професионален чекор.

Ако го анализираме написов од друг аспект, тој манифестира отворено дискриминирачки ставови кон хомосексуалната популација, иако се гледа обид таа да се маскира со објективизиран пристап кон проблемот за кој се пишува.

Има едноставно правило, кое го знаат сите, па и почетниците во новинарството – необработени информации не ѝ се пласираат на јавноста. Во овој случај токму така е постапено, што зборува за непрофесионален пристап на медиумот кој објавува вакви материјали.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести