Како Адем Јашари стана министер во Македонија?!
Објавено во Рецензии
on 2 - 12 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani[Рецензија: Aдеми во ДУТ: Ќе изградиме модерен студентски дом во Тетово. Нов објект ќе има и Факултетот за Медицина]
Пред неколку дена, едно соопштение за печат кое беше испратено до уредништвата на медиумите од Министерството за образование, беше извор за вест за многу медиуми, особено портали. Негативниот аспект кој неколкупати сме го обработувале како карактеристика на непрофесионалност, се повтори. Медиумите (порталите) го пренесоа целото соопштение во форма „копи-пејст“, со сите точки и запирки, како што беше испратено. Несакајќи, медиумите станаа „соучесници“ во грешката на ова соопштение, кое го пренесоа без да го разгледат. Причината: повеќето „новинари“ ниту ги читаат соопштенијата што им се испратени од разни институции, а де не зборуваме за нивнo обработување според новинарските норми за една вест.
Линк до оригиналниот напис: „Aдеми во ДУТ: Ќе изградиме модерен студентски дом во Тетово. Нов објект ќе има и Факултетот за Медицина„
Датум и време на објавување: 18.11.2015
Датум на рецензија: 26.11.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
МУЛТИПЛИЦИРАНА ГРЕШКА
Известувајќи за една посета на владина делегација на Државниот универзитет во Тетово, од Министерството за образование, по грешка, наместо да напишат дека меѓу учесниците бил и министерот за правда, го напишале името на познатиот командант Адем Јашари, како министер за правда.
Текстот што го рецензираме е пример за тоа како при пренесување на веста се дуплираат грешките од невнимание.
„Делегацијата на Владата на Република Македонија, составена од: министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик-премиерот Муса Џафери, министерот за економија Беким Незири, министерот за правда Aдем Јашари, како и други пратеници и функционери од централната и локалната власт, денеска го посетија Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ), каде што имаа средби со раководниот кадар на овој универзитет и претставниците на Студентскиот парламент.“
Целта на една вест е да информира, додека целта на вавките соопштенија за печат е да промовираат. Структурата на градење на овие да вида текстови не е иста. Кога добива вакви текстови, новинарот треба да го земе најважниот дел, а, исто така, и изјави за кои има потреба неговиот текст. Истовремено, тој треба да се „исчисти“ од промовирачкиот и рекламен јазик со кој е придружен ваквиот материјал.
Мисијата на новинарот е точноста при подготвување на информацијата. Точноста е морален императив на новинарството. Новинарот не смее да пренесува сè што ќе му се даде како информација, без првично да ја провери точноста.
Истата грешка ја направија и многу други медиуми, кои, откако се забележа грешката и се прошири во јавноста, го поправија текстот. Всушност, го поправија само името што беше згрешено, а текстот остана ист.
Овој новинарски продукт е типичен пример за тоа во која насока оди интернет-новинарството од стилот „копи-пејст“.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
лажни информации
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови