verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И авионите ги убиваат, зарем не?!

on 1 - 12 - 2015       

1116

[Рецензија: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација]

 

Како беше онаа народната: „ Брза кучка слепи кучиња раѓа“, или со други зборови, брзањето не носи добро. Е, токму тоа го имаме во овој напис – брзина голема, за грешка преголема. Епилогот е хумористичен наслов кој не би му го посакал никому во информативното новинарство.  

111Линк до оригиналниот напис: Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација

 Датум и време на објавување: 27.11.2015   10:20

 Датум на рецензирање: 29.11.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ГАФ ВО НАСЛОВОТ

 Сум слушнал за разни видови насилства, сум прочитал за свирепост на луѓе кон други луѓе, но и кон животни, ама досега не сум знаел дека авионите може да бидат убиени од човек, ем башка Турчин како што се тврди! Нема што, интересен концепт за односот меѓу луѓето и машините. Сигурен сум дека ова би било тема за расправа меѓу некои футуристи, ама секако не може да биде наслов на информативен текст пласиран до читателите. Гафот е сериозен, ама сепак дозволува мала насмевка и прашање дали можеби ова не е некој нов жанр, некое „хумористично новинарство“.

bbbb

Шегата настрана, луѓето може да уриваат, да уништуваат или да креваат во воздух авиони, ама не и да ги убиваат. Некој се сетил дека грешката воопшто не е мала и затоа веднаш ја поправил, велејќи дека „рускиот пилот е убиен од Турчин“, што секако е покоректна насловна конструкција од претходната. Ама, „Гугл“ не би бил „Гугл“ ако лесно не може да се провери и да се потврди како бил насловен написот во „оригинал“ пред модификацијата.

 

аааа

Значи, насловот не поминува, никако.

 

БЕЗ ПРЕЦИЗНИ ИЗВОРИ

Ова е крупниот недостаток на материјалот, ама има и други, како, на пример, непрецизирање на изворите на информации. Се тврди дека Турчинот што го убил авионот, односно пилотот, не е Туркмен, туку турски државјанин поврзан со турската армија и со десничарската организација „Сиви волци“. Податоците се интересни, ама прашуваме кој го вели тоа? Но, нема одговор.

Во написот не се наведени користените извори на информации, а кусото истражување сугерира дека тоа, најверојатно, е телевизијата „Раша тудеј“ (Russia today), сервис во сопственост на руската влада. Можело да се нотира од каде се користат информациите, за читателите да имаат предвид дека изворот, можеби, до крај не е кредибилен  бидејќи е гласило на официјална Москва, чиј авион, пак, беше урнат од турските сили, што може да сугерира необјективност.

Да разјасниме, не тврдиме дека веста не е точна, туку дека треба да се прими со одредена резерва. На пример, други медиуми ја користат оваа информација, ама јасно нотираат чија е.

За пристапот „копи-пејст“, инаку,  доволно говори оваа  реченица во текстот: „тој, инаку е син на пензиониран мајор на турската армија“. Во веста на „Раша тудеј“ се вели:

„…appeared to be Turkish ultranationalist and a son of former mayor in one of Turkish provinces…“

Mayor на англиски значи градоначалник, а не мајор во воена структура.

Да не ги заборавиме и пристрасните елементи во текстот, кој генерално натежнува кон руската позиција, ама што друго да се очекува ако негов главен извор е руска државна телевизија.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

смешен

повеќе од сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести