verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст потпрен само на фејсбук-статус

on 1 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

teroristi-siti-mol2-crop-resize

 

[Рецензија: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје]

 

Овој материјал е преземан од друго место, каде што е направен текст од статус на „Фејсбук“.  Тоа е крајно несериозно за еден новинарски текст, како и за самата телевизија, која е доста гледана во регионот. Притоа, текстот се служи со погрдни зборови со кои се претендира да се омаловажи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

teroristi siti mol2.jpgЛинкуван наслов на анализираниот напис: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје

Датум и време на објавување: 29.11.2015

Датум на рецензирање: 30.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Статус на „Фејсбук“,  напишан по „дојава на очевидец“, станува текст во еден „портал“, а оттаму „веста“ добива место на веб-страницата на една регионална телевизија. Потоа, истата „вест“ се прошири и на социјалните мрежи без да има потврда за неа.

„Попладнево, околу 14 часот на паркингот на Сити Мол била спроведена акција на заплена на возило кое според очевидци било полно со оружје, муниција и бомби. Од полицијата не потврдија ваква информација, но тоа не е ни чудно ако имаме во предвид дека на челната позиција на полицијата раководи човек кој правеше селфи фотографии со јатаците на терористите од Диво Насеље, пишува порталот infomax.“

Во написот што е пред нас, не се забележува дека е направен напор ваквата преземена  (дез)информација (зачинета со кометари), да се провери во Министерството за внатрешни работи. Тоа е целосно непрофесионално и се коси со принципите на етички исправното новинарство, кои налагаат:

Точноста на информацијата да се провери колку што е тоа можно (прв амандман)

Од друга страна, нејасно е каква врска имаат фотографиите на министерот за внатрешни работи со наводната заплена на оружје и на муниција во „Сити мол“?!

Самиот материјал, инаку, е полн со навредливи зборови кон министерот  Оливер Спасовски,  што е недозволиво за еден новинарски производ.

Поради сето ова, текстот што е предмет на оваа рецензија заслужува негативна оценка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести