Рецензии

Грев – Заев го копирал Обама!

на 30. 11. 2015 | | sq
   

[Рецензија: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија!]

  Најавата на СДСМ дека ќе држи програмски конгрес во првата половина од декември, за текстот што е предмет на рецензија, означи повод за бесповоден напад. Програмите на партиите не се многу присутни во јавноста, а тие треба да бидат дел од секојдневието на која било активна организација што сака да се занимава со политика. Да не заборавиме, најчест напад на владејачката партија кон СДСМ е дека таа е „партија без програма“. Овојпат, „кога решила“ да прави програма, таа е обвинета за „копи-пејст“. Врз основа? Линк до оригиналниот напис: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија! Датум и време на објавување: 26.11.2015,

Текст без факти за ширење ксенофобија

на 28. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, а е предлог на наш читател, не ги исполнува основните новинарски стандарди. Содржината на писмото, кое е пренесено во текстот, пак, е ксенофобична и поттикнува говор на омраза. Линкуван наслов на анализираниот напис: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите Датум и време на објавување: 23.11.2015 Датум на рецензирање: 27.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Чешка докторка со отворено писмо го откри страшното искуство низ кое поминуваат таа и нејзините колеги во клиника во Минхен, каде што се примаат емигранти од целиот свет.“ Уште на почетокот на текстот се најавува страшното искуство на докторка која е вработена во клиника во Минхен,

Непотврдената загриженост останува сомнеж

на 28. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група]

  Поплаките што ги добива новинарот од неговите соговорници, треба да ги прецизира за веста да одразува доверливост. Непроверувањето на изјавите и на обвинувањата доведува до неточна вест. Истовремено, обвинетата страна има право на изјаснување и во случај да биде игнорирана, новинарот испаѓа едностран. Линк до оригиналниот напис: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група Датум и време на објавување: 18.11.2015 Датум на рецензија: 19.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме не ја утврдува веродостојноста на изјавите со ниеден доказ и како таква останува жртва на непрецизирањето. Читателот не може да забележи примеси на веродостојност во оваа вест. „Во неделата, македонската полиција малтретирала неколку члена на

Чаршиските муабети не можат да се претворат во вести

на 28. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Различна боја, ист дрес]

  Не сите активности на политичките личности се од јавен интерес, но кога медиумите ги пренесуваат, тоа треба да го направат на професионален начин. Тоа треба да се направи објективно, избегнувајќи го коментирањето на настанот и неговото трансформирање во промотивен текст. Меѓутоа, не треба да се направи и спротивното, т.е. да се искористи моментот за да се иронизира настанот и да се дефокусира вниманието. Линк до оригиналниот напис: Различна боја, ист дрес Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензија: 20.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Текстот со право се занимава со можното заминување на Ермира Мехмети од ДУИ, кое и самата го навести како можност. Поврзувањето на ова прашање со фотографијата, колку и да

Соборениот руски авион и видување изгубено во просторот и во времето

на 27. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер!]

  Текст со сопствено, но загубено во просторот и во времето, видување за турското уривање на рускиот „су-24“. На настан, незапаметен во изминатите 63 години во кој земја-членка на НАТО собори руско летало, му се пристапува на еден лефтерен начин, со тврдење дека зад одлуката да се „удри“ врз руското воено воздухопловство стои локален водач на туркменистанските сили во Сирија! Значи, раководството во Анкара има шеф – припадник на паравоена организација на кој му ги исполнува сите желби, па дури и кога ќе каже „Ајде да им урнеме едно авионче на Русите“. Неверојатно, нема што. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер! Датум

Јак извор за контрадикторен текст

на 27. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Заев сам ја напишал програмата на СДСМ]

  Кога ќе го прочитате докрај, тоа што ќе ве збуни во овој текст е контрадикцијата во него. Како да е составен од две одделни содржини со различни тези, односно приказни. Првата, со која почнува текстот и од која е извлечен насловот, порачува декa лидерот на опозицијата сам ја напишал партиската програма, а не словенечки експерти за кои било „пред нeколку месеци“ најавено дека ќе ја креираат изборната програма на најголемата опозициска партија. Авторката на оваа медиумска содржина се повикува на партиски извори и вели дека програмата е – готова, за веднаш потоа да ја развивива втората приказна. Според таа, втора приказна, во еден ист текст, програмата сѐ уште се пишува, а

Медиумите ја критикуваат работата на медиумите

на 27. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: Граѓаните со критики за ТВ Шења] „Фејсбук“ – единствен извор на информации. Мислењето на „граѓаните“ – претставено само преку еден граѓанин. Познавачите – кои воопшто не се именувани. Медиумите повторно и повторно паѓаат во истата стапица на крајна непрофесионалност. Како и многупати претходно, и во овој случај, социјалните медиуми се земени како релевантен извор на информации, не наоѓајќи за потребно наводите да се потврдат и со дополнителни факти. Линк до оригиналниот наслов: Граѓаните со критики за ТВ „Шења“ Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензија: 21.11.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Кога новинарот се осмелува да пишува под насловот „Граѓаните со критики за ТВ Шења“, во неговиот текст треба да има најмалку три-четири ставови на граѓани со релевантни мислења.

Една погрешна информација – цел текст упропастен

на 25. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт]

  Овој напис ја изевстува  јавноста дека поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, починал од природна смрт, но, во исто време на читателите им соопштува и една погрешна информација: дека на телото на разузнавачот ќе се прави обдукција. И, токму со пласирањето на ваквата дезинформација е упропастен  целиот текст. Линк до оригиналниот напис: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт Датум и време на објавување: 23.11.2015, 16:16 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМРАЦИЈА

Материјалот што го рецензираме информира за причините за смртта на поранешниот шеф на военото разузнавање, кој на 23 ноември 2015 година беше пронајден во шумскиот појас во близина на селото Раштани кај Кичево, откако еден

Првоаприлска шега во ненадеен репринт

на 25. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка]

  Последиот викенд во неколку медиуми излезе веста на бугарската информативна агенција „Фокус“, често користена кај нас кога се работи за бугарски погледи кон Македонија, а во која се тврди дека 17 пратеници на владејачката партија итно побарале бугарски пасоши, по што во низа медиуми следеа и коментари во стилот „Абре Македонче, каде се спремаш?“ Се покажа дека медиумите што ја пренеле оваа вест наседнале на информациска замка! Линк до оригиналниот напис: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка Датум и време на објавување: 21.11. 2015, 17:18 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Бугарската Новинска агенција „Фокус“ обзнанува

Спрега на медиум и на политика – на удар министер од опозицијата

на 25. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Корисниците на социјална помош загрижени што личности на СДСМ ги прегледува личните податоци]

  Пред нас имаме доказ дека еден медиум се согласил да биде оружје за пресметка со политички противник, и тоа по цена да ги занемари сите новинарски правила, а особено она најважното, а тоа е вистината. Паушални и нетемелни оцени и квалификации за постапките на новата министерка за труд и социјална политика од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, Фросина Ременски, смешни обвиненија дека таа вршела партизација на министерството каде што е на функција едвај неколку дена, анкета со сомнителна „спонтаност“, сето ова го има во прилогот што е предмет на оваа рецензија. Кога овој текст, односно телевизиски прилог ќе се стави, пак, во контекст на вистинската