verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Грев – Заев го копирал Обама!

on 30 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат-crop-resized

 

[Рецензија: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија!]

 

Најавата на СДСМ дека ќе држи програмски конгрес во првата половина од декември, за текстот што е предмет на рецензија, означи повод за бесповоден напад. Програмите на партиите не се многу присутни во јавноста, а тие треба да бидат дел од секојдневието на која било активна организација што сака да се занимава со политика. Да не заборавиме, најчест напад на владејачката партија кон СДСМ е дека таа е „партија без програма“. Овојпат, „кога решила“ да прави програма, таа е обвинета за „копи-пејст“. Врз основа?

СДСМ потврдија дека немаат визија туку работатЛинк до оригиналниот напис: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија!

Датум и време на објавување: 26.11.2015, 16:22

Датум на рецензирање: 28.11.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Зоран Заев, соочен со постојаните критики од јавноста и експертите дека се обидува да ја добие поддршката од граѓаните без програма и концепт, деновиве излезе во јавноста да претстави наводно изработен програмски документ, кој по повеќе основи воопшто не наликува на сериозна политичка понуда од партија која претендира за добивање на доберва на граѓаните.“

Овој цитат навестува дека пред себе имаме текст што претендира на продлабочена и на евентуална споредбена анализа на програмите на двете најголеми партии кај нас. Но, се соочуваме со невидена површност кога подолу ќе сфатиме дека единствениот „грев“ на Бихаќка бил што „копирањето на концепти и на програми“ e во тоа што почнала анкета меѓу граѓаните за тоа што да се стави во програмата. A, тоа една или две недели претходно го почнала ВМРО-ДПМНЕ. Има ли владеjачката партија некаков патент во правењето анкети?!

Вториот „копи-пејст“ на СДСМ е што неговите визуелни пораки и илустрации на постерите биле многу налик на советските, што оставаме да е прашање на перцепција (и во советската ера, секако, внимавале на пропагандните ефекти!), а битни се пораките кои би биле евентуално споредливи, нели.

Третата мана веќе се допира до нешто што навистина го има во програмата на СДСМ, а што се смета дека има суштинска позиција во програмскиот мамец. Тоа е прашањето на враќањето на средната класа, за што никој меѓу нашите партии досега не покажал потреба да го присвојува. Но, текстот наоѓа мана во тоа што идејата за враќање на средната класа припаѓала на демократската понуда на американскиот претседател Обама, што се илустрира со еден цитат на именуваниот политичар. Најпрвин, прашањето на враќањето на средната класа не е оригинален концепт на некоја партија или земја, туку проблем на либералниот свет, кој би посакал на тој начин да ги сочува демократските вредности. Но, тоа е, се чини, прашање на капацитетот за да можат да се сфатат тие релации.

Понатаму, и да се работи за копија од постара и постабилна демократија, тоа не е грев, нели?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести