Јак извор за контрадикторен текст
Објавено во Рецензии
on 27 - 11 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Заев сам ја напишал програмата на СДСМ]
Кога ќе го прочитате докрај, тоа што ќе ве збуни во овој текст е контрадикцијата во него. Како да е составен од две одделни содржини со различни тези, односно приказни. Првата, со која почнува текстот и од која е извлечен насловот, порачува декa лидерот на опозицијата сам ја напишал партиската програма, а не словенечки експерти за кои било „пред нeколку месеци“ најавено дека ќе ја креираат изборната програма на најголемата опозициска партија.
Авторката на оваа медиумска содржина се повикува на партиски извори и вели дека програмата е – готова, за веднаш потоа да ја развивива втората приказна. Според таа, втора приказна, во еден ист текст, програмата сѐ уште се пишува, а нејзиното финализирање се најавува откако ќе завршат трибините на кои пред граѓаните се елаборираат позициите на партијата, и по одржувањето на партискиот конгрес на кој последен збор, според изворот на медиумот, ќе имаат „експертите, професионалците, граѓанските организации и интелектуалците“.
Значи, кога ќе го прочитате овој текст, останувате без одговор, односно збунет. Готова ли е програмата на партијата? Кој ја напишал? Зошто се одржуваат трибини кои треба да послужат како основа за програмата, ако таа е готова?
Линк до оригиналниот напис: Заев сам ја напишал програмата на СДСМ
Датум и време на објавување: 24.11.2015
Датум на рецензирање: 26.11.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Зошто има ваков проблем овој текст? Зашто има „извор од високи партиски кругови на партијата“. Ете затоа. И толку за таков тип извори.
Една „бисерна“ поента во овој текст е и она кога авторката пишува за прашањето на медиумот зошто опозициската партија го „пресликува победничкиот програмски концепт на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните заедно да ја пишуваат програмата“. Таа вели дека лидерот на СДСМ „одбегна да одговори“. А, што да одговори?!? Партијата на власт да не има авторски права, ексклузивитет на концептот? Што ли?
Што да се каже освен дека текстот оддишува со политичка пристрасност што е во спротивност со кој било новинарски кодекс. Домашен или меѓународен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови