verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Една погрешна информација – цел текст упропастен

on 25 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___dnevnikmk-crop-resize

 

[Рецензија: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт]

 

Овој напис ја изевстува  јавноста дека поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, починал од природна смрт, но, во исто време на читателите им соопштува и една погрешна информација: дека на телото на разузнавачот ќе се прави обдукција. И, токму со пласирањето на ваквата дезинформација е упропастен  целиот текст.

http___dnevnik.mk_Линк до оригиналниот напис: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт

Датум и време на објавување: 23.11.2015, 16:16

Датум на рецензирање: 24.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НЕТОЧНА ИНФОРМРАЦИЈА

Материјалот што го рецензираме информира за причините за смртта на поранешниот шеф на военото разузнавање, кој на 23 ноември 2015 година беше пронајден во шумскиот појас во близина на селото Раштани кај Кичево, откако еден ден претходно негов братучед пријавил во полиција дека тој не се вратил од лов.

Веста се повикува на информации од полицијата и од Јавното обвинителство, при што се наведува дека:

„Службени лица од МВР, медицински екипи и јавен обвинител извршија увид на самото место. При тоа е констатирано дека на телото на починатиот нема траги на насилство или на повреди. Лекарската екипа констатира дека лицето починало од природна смрт, инфаркт.“

И во овој дел текстот е коректен. Проблемот е што потоа се тврди:

„Телото е дадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта на поранешниот разузнавач.“

Тоа, пак, е неточно.

Имено, речиси три часа пред пласирањето на овој напис, беше објавена веста дека нема да се прави обдукција. Портпаролот на СВР Охрид за телевизија „Телма“ соопшти дека:

„… јавното обвинителство по првичното размислување да побара обдукција, одлучило да не бара таква постапка, бидејќи било очигледно  дека станува збор за приородна смрт без знаци на насилство.“

Во написот што е пред нас, пак, не е проверено дали јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот разузнавач. Тоа претставува пропуст, дотолку повеќе што се работи за случај кој предизвика големо внимание во јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести