verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст без факти за ширење ксенофобија

on 28 - 11 - 2015       

Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите Република Online-crop-resize

 

[Рецензија: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија, а е предлог на наш читател, не ги исполнува основните новинарски стандарди. Содржината на писмото, кое е пренесено во текстот, пак, е ксенофобична и поттикнува говор на омраза.

Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите Република OnlineЛинкуван наслов на анализираниот напис: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите

Датум и време на објавување: 23.11.2015

Датум на рецензирање: 27.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Чешка докторка со отворено писмо го откри страшното искуство низ кое поминуваат таа и нејзините колеги во клиника во Минхен, каде што се примаат емигранти од целиот свет.“

Уште на почетокот на текстот се најавува страшното искуство на докторка која е вработена во клиника во Минхен, каде се примаат емигранти од цел свет. Она што недостига во овој напис, за тој да биде веродостоен, е изворот на веста од каде е преземен текстот. Понатаму, докторката и клиниката кои се спомнуваат се анонимни, што уште повеќе ја поткопува веродостојноста на написот, односно ваквата вест читателот не може да ја провери на ниту еден начин.

Меѓутоа, она што навистина боде очи е текстот на писмото кое, наводно, го напишала докторката од Германија.

„Полицијата ги чува клиниките, болниците и докторите, бидејќи тие луѓе се многу непредвидливи – пишува таа, додавајќи дека муслиманските и африканските имигранти се застрашувачко тешки луѓе со кои не е лесно да се работи.“

Со самото тоа што се нагласува дека станува збор за „муслимански и африкански имигранти“ кои биле многу непредвидливи, јасно е дека во написот има дискриминација на основа на верска и на национална основа.

„Писмото во скратена верзија беше прочитано на чешка телевизија. Во него докторката, која ја нарекоа „кодош од имигрантската криза“, предупреди дека емигрантите во Европа покрај СИДА и сифилис, со себе носат и многу егзотични болести, кои европските доктори не знаат како да ги третираат.“

На која чешка телевизија било прочитано писмото, нема одговор. Исто така, авторот на написот не нуди одговор на прашањето дали има некаде потврда за болестите кои овие луѓе ги носеле со себе и според тоа ги ширеле во Европа. Објавени ли се некаде статистички податоци што го потврдуваат тврдењето на докторката?

„Вчера имавме состанок овде во минхенската болница бидејќи ситуацијата е просто неиздржлива. Многу муслимани одбиваат лечење ако ги лечат жени, а ние жените одбиваме да одиме кај тие животни, посебно оние од Африка. Односот меѓу работниците и мигрантите многу се влошува, а од неодамна мигрантите низ болниците одат во придужба на полиција и полициски кучиња, па јасно ви е за што се работи. Многу од мигрантите имаат СИДА, сифилис и многу егзотични болести, кои ние никогаш не сме ги виделе во Европа, а ако случајно им препишеме лек на рецепт кој треба да се плати, тука доаѓа до тепачки, викање и насилство, особено ако се работи за лекови за деца.“

Ова е класичен пример за ширење говор на омраза, а таквиот говор може да се насети во целиот текст од писмото.

Овој текст е пример на новинарски напис кој има цел да пренесе една негативна порака и да создаде негативна слика за одредена група луѓе, односно, во овој случај, имигрантите од Африка и оние со муслиманска вероисповед, што е и особено акцентирано. Ваквиот напис шири ксенофобија и поттикнува говор на омраза, што е недозволиво во новинарството и што во нашето законодавство е кривично дело.

Имено, на овој начин е прекршен членот 10 од Кодексот на новинари во кој јасно е наведено дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести