verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумите ја критикуваат работата на медиумите

on 27 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Граѓаните со критики за ТВ Шења]

„Фејсбук“ – единствен извор на информации.

Мислењето на „граѓаните“ – претставено само преку еден граѓанин.

Познавачите – кои воопшто не се именувани.

Медиумите повторно и повторно паѓаат во истата стапица на крајна непрофесионалност. Како и многупати претходно, и во овој случај, социјалните медиуми се земени како релевантен извор на информации, не наоѓајќи за потребно наводите да се потврдат и со дополнителни факти.

Aktuale - Qytetaret me kritika per TV Shenja 1Линк до оригиналниот наслов: Граѓаните со критики за ТВ „Шења“

Датум и време на објавување: 19.11.2015

Датум на рецензија: 21.11.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Кога новинарот се осмелува да пишува под насловот „Граѓаните со критики за ТВ Шења“, во неговиот текст треба да има најмалку три-четири ставови на граѓани со релевантни мислења.

„Социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари за партиските телевизии.“

Има две работи кои не се соодветни во оваа реченица. Прво, употребата на зборот „се преплавени“ не соодветствува со прикажување на само едно мислење. И второ, пред да добие мислење од другите, авторот сам го етикетирал наведениот медиум како „партиска телевизија“.

„Кога ги гледам вестите на ТВ Шења не знам дали се работи за партиска прес-конференција или за вести…, напишал во својот статус на Фејсбук, Бериша.“

Ова е мислењето на еден граѓанин, кое авторот на текстот не го дополнил макар и со мал текст од телевизијата „Шења“, каде што тој би можел да констатира дека има карактер на соопштение за печат. Освен што би го илустрирал тоа што го вели, авторот би избегнал да биде тенденциозен.

Шпекулацијата продолжува со едно обвинение направено од самиот медиум, а во кое, мошне лесно, би можел да се најде и самиот себеси.

„Предвремените парламентарни избори, инаку ги мобилизирале партиите да создадат медиумска инфраструктура за цели на политичка пропаганда.“

Заокружувањето на текстот со еден тенденциозен заклучок и без грам докази, претставува злоупотреба на довербата на читателот.

„Познавачите на медиумите во земјата, овие обиди за создавање на партиски телевизии, дури ги сметаат и за ТВ-манија или ВМРО-изација на албанските партии, кои што сакаат нивната партиска пропаганда да ја вршат преку нивните медиумски тела.“

Зад „познавачите“ без име и презиме, честопати стојат самите автори на текстовите користејќи ја можноста да ги „облечат“ своите мислења во „облеката“ на експертите. На тој начин, избегнуваат да бидат обвинети дека го коментираат нивното новинарско четиво, што е во спротивност со новинарските норми, а, исто така, и написот изгледа подоверлив, иако, всушност, треба да се земе со голема резерва бидејќи познавачите на состојбите немаат никаква причина да останат анонимни.

  • Во својата работа новинарите треба да настојуваат да одржат баланс помеѓу чесна конкурентност и професионална солидарност.
  • Ниту новинари, ниту уредници не би смееле да си дозволат да се пресметуваат со свои колеги преку сопствените медиуми. Таквото однесување не само што го намалува нивниот интегритет и достоинство, туку ја урива репутацијата на новинарската професија воопшто и ја намалува довербата на јавноста во медиумите – пишува во член 16 од Кодексот за етика во новинарството на Македонија.

Во земјите со развиена демократија, медиумите се конкуренти едни на други од професионален аспект, но не се напаѓаат јавно едни со други, квалификувајќи се како партиски медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

Лого

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести