Шок од празен сензационализам!
Објавено во Рецензии
on 3 - 12 - 2015 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег]
Во новинарството постојат вести и лажни вести. Но, некако не сме чуле дека постојат вести и не-вести. Односно, дека постои наслов, згора и сензационален, ама вест не постои. Како што во конкретниот случај, ни се најавува „ жежок костен“, ама во „ќулавката“ нема ни трага од плодовите.
Линк до оригиналниот напис: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег
Датум и време на објавување: 29.11.2015
Датум на рецензирање: 01.12.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
ПАНИЧЕН НАСЛОВ
Сензацијата што се најавува со паничниот наслов: „(ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег“, ја нема во штуриот содржински дел на материјалот што го рецензираме.
„Откако турските сили го соборија рускиот воен авион, денеска низ социјалните мрежи се појави видео во кое може да се забележи како Русија започна со воена интервенција над Турција. Претходно претседателот САД Барак Обама и на Франција Францоис Холанд повикаа на мирно решавање на новонастанатата ситуација. Што може човек да каже после вакво видео освен да се наежи.“
Ова, всушност, е целиот текст. И, каде тука го видовме „почетокот на војната“? Или, барем, почетокот на жестоката пресметка? Впрочем, оттогаш поминаа и неколку дена, а ништо од најавата во насловот.
ВАЖЕН Е БРОЈОТ НА КЛИКНУВАЊА
Навистина, на читателите им се нуди и видеоснимка која, објективно, ништо не кажува. Дури, тоа е така технички решено што вие морате да кликнете на рекламата што го прекрива видеозаписот?! Тие реклами се менуваат и вие наместо „прeсметка“, по „хот – најавата“ гледате само ЕПП! И толку! Па, иако не сме дознале дали почна „третата светска војна“, можеме да се информираме која зимска гума е најдобра или кој автомобил оди на кредит…
Повидлива измама тешко е да се најде, ама очигледно важен е бројот на кликнувања. Во поранешниот КЗ имаше член кој казнуваше за ширење невистинити вести, а оваа е таква. Денес, би можело она што го нуди медиумот, да се третира како своевидна измама – ве тера да гледате комерцијална реклама со нечесен предтекст.
И, за жал, од ваквите (дез)информации со куси ракави останува чесното, етички исправно новинарство. Бидејќи, ниту на крај на умот не му е да објавува дрски измислици.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Нема минимум вистина
не може да се утврди
лажни информации
Не може да се утврди
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови