verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Соседска кавга за домашни „аргументи“

on 10 - 12 - 2015       

FireShot Capture 49 - АЛАРМ_ Мијатовиќ го изгубила јазикот_ - http___www.dnevnik.mk_default 1

 

[Рецензија: Аларм: Мијатовиќ го изгубила јазикот]

Тезата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за тоа дека одредени медиуми се негови политички непријатели и тоа поголеми од политичките партии на македонското „боиште“, од страна на прозваните беше проследена со закана од реакција на меѓународниот фактор. Имено, квалификацијата на Заев се процени како фактор на пресврт на оцените на меѓународната заедница од негативен, во позитивен кон власта (види).

Кон написот што го рецензираме бевме привлечени со најавата (наднаслов, наслов и поднаслов) дека имаме прилог на таа тема, но излезе дека се вплеткуваме во „туѓ конфликт“! И тоа во оној, во кој веќе има доволно актери: ОБСЕ, рускиот министер за надворешни работи Лавров, српските медиуми и премиерот Вучиќ!
FireShot Capture 49 - АЛАРМ_ Мијатовиќ го изгубила јазикот_ - http___www.dnevnik.mk_default.aspЛинк до оригиналниот напис: Аларм: Мијаовиќ го изгубила јазикот

Датум и време на објавување: 06.12.2015 22:12

Датум на рецензирање: 09.12. 2015

Рецензент: Љубомир Костовски

 

4/5 ОД ТЕКСТОТ ЗА „ТУЃ КОНФЛИКТ“

„Датумот кога Заев го впери прстот во медиумите нарекувајќи ги големи политички непријатели, 1 декември, беше истиот ден кога во Скопје на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов беше генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберт Заниер. Сепак, ниту пред една недела, а ниту деновиве од организацијата нема реакција за вербалиот напад на лидерот на опозицијата врз неколкуте телевизии и весникот ’Дневник’. Додека Мијатовиќ молчи за квалификацијата на лидерот на опозицијата, не престанува да војува со српските власти на тема кршење на слободата на медиумите.“

Во текстот, структурно, изјавата на Заев ја има само во воведот, а барем 4/5 од истиот се однесува на „кавга во соседството“. Поточно, се работи за изјава на рускиот министер за надворешни работи, Лавров, против Мијатовиќ, односно ОБСЕ, заради реакциите на Меѓународната организација за безбедност и соработка за апсењето на двајца турски новинари во Русија.

Но, „Дневник“ не кажува дека на новинарите по средбата Лавров – Вучиќ им беше дозволено да постават само едно прашање (што е, нели, многу дискутабилно). Самата организација на прес-конференцијата, пак (!), се определила прашањето да го постви ТВ „Пинк“, куќа која и не се занимава со политика и со политички прашања, барем не како приоритетна програмска определба.
И, наместо прашањето да е поврзано за односите меѓу двете земји или за оние кризи каде што учествува Русија, беше побарано мислење од Лавров за Мијатовиќ. Тој, секако, подготвено, ја нападна за двојни критериуми. На ова се придружи и српскиот премиер, што се вели „со ништо повикан“. Тој ја обвини Мијатовиќ дека бранела одредени медиуми, кои тој ги нападнал, наводно, за невистинито пишување за однесувањето на владата за време на мајските поплави минатата година.

Авторката на текстот потсетува дека Мијатовиќ им одговорила веднаш на овие двајца, по што наоѓа линк за приклучок на изјавите со поводот за текстот, и реагира дека таа нема став кон македонските апели за нејзина реакција.

 

А ЗОШТО МИЈАТОВИЌ НЕ Е ОСАМЕНА ВО ИГНОРИРАЊЕТО?

Притоа, авторката навлегува во коментирање, со што патем го губи жанрот, а секако си дозволува кавгите во соседството за односот на Мијатовиќ, да ги стави во контекст на македонските прилики. Од таквата логика, пак, произлегува дека ако властите во двете земји имаат забелешки за комесарката за информирање на ОБСЕ, тогаш може да се заклучи дека и нејзиниот однос кон актуелните состојби во земјава е погрешен! Тоа е пример на погрешна примена на силогизам, како логички метод, бидејќи ниту двете презумпции не се точни и логични.

Имено, турските новинари се уапсени во Русија, а имаат легални акредитации, по што е неопходно да следува реакција бидејќи нивните слободи се загрозени. Исто така, српските органи навистина привеле еден новинар од Младеновац и повеле постапка само за негов коментар на „Фејсбук“, а тој чин го осудија мнозинството локални медиумски куќи! „Случајот Заев“, пак, мора да се третира посебно, бидејќи, тој нема ништо заедничко со постапките на споменати актери во кавгата со Мијатовиќ.

За добра обработка на темата, авторката најнапред требало да се запраша зошто Мијатовиќ не е осамена во игнорирањето на барањата за реакција во однос на споменатата изјава на Заев? Зошто тие барања се игнорирани „хорски“?

Од одговорите на овие прашања, секако, може да се извлече добар заклучок, ако се сака.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

фактите се точни, од нив се прави нелогичен заклучок

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести