verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сечен, лепен и конструиран текст

on 14 - 12 - 2015       

stojan-andov 1

[Рецензија: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат] 

 

Едно од правилата во новинарството е да не се извлекуваат од контекст тези од некое интервју. Токму тоа е направено во материјалот што е пред нас, во кој се прави конструкција од еден фрагмент од интервјуто на Стојан Андов за „Плусинфо“. Во написот, инаку,  нема линк до интервјуто за да можат читателите самите да се уверат што точно кажал Андов.

stojan andov recenzijaЛинк до оригиналниот напис: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат

Датум и време на објавување: 08.12.2015, 15:21

Датум на рецензирање: 11.12.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Текстот обработува само едно прашање од интервјуто на овој политичар. Но, и одговорот на тоа прашање е земен парцијално, односно само една и пол реченица од интервјуто, кое има стотина реда.

„Андов истакна дека ,,СДСМ исто така е многу затворен за сугестии и луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат. Грешка на сегашното раководство на СДСМ е и тоа што не се дистанцираа од системот на владеење на нивната партија од 90-тите, а во сеќавањето на народот не е избришан тој период кога немаше владеење на правото.“

Ова парче се вади од контекст и се манипулира со него. Доколку, пак, се погледне и следниот пасус од истиот одговор, тоа што го кажува Андов добива поинаков призвук:

„Мислам дека опозицискиот блок се покажа доста добро со непомирливоста кон ваквиот начин на владеење. Манипулациите околу изборите, манипулациите со парите и со државните институции, почнаа да стануваат нормални и прифатливи за граѓаните и потребно беше некој да ги разоткрие криминалите, да ги отвори проблемите во државата и да каже дека тие противзаконски работи мора да запрат. Мислам дека во тој дел парламентарната опозиција покажа зрелост и решителност.“

Исто така, за наводните напади на Андов, можело да се побара и став од СДСМ, ама и тоа не е сторено.

Од друга страна, овој селективен текст воопшто не споменува за критиките што Андов ги упатува на адреса на владејачката партија. Тој, на пример, меѓу другото, вели:

„Партијата на власт што ѝ даде закрила на една ваква елита треба да се преиспита за доброто на својата политичка иднина и да види каде застранила. За жал, нема знаци дека сè што излезе на виделина, го тангира членството на ВМРО- ДПМНЕ. Очигледно, постои една силна спрега на дезинформации и уцени во непосредното водство на партијата и нејзиното пошироко членство. Потребни се длабоки промени внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Таму треба да се сменат луѓето и да се смени моралот и етиката.“

Како, тогаш, може да ѝ се верува на оваа сечена, лепена и конструирана медиумска содржина? Никако!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести