verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумска конфекција базирана на партиски шнит

on 5 - 12 - 2015       

1111-0986707654435466767-yuyuy-crop-resize

 

[Рецензија: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите]

 

Тенденциозно четиво, кое судејќи според размножувачкиот карактер, потекнува од нечија визба, стан, центар, ама сигурно не од кредибилна редакција. Ги занемарува основите на еснафот, се коси со стандардите на професијата и има призвук на една посакувана ситуација, која наликува на изреката „што на бабата ѝ било мило, тоа ѝ се сонило“.

1111Линк до оригиналниот напис: Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите

Датум и време на објавување: 02.12.2015, 10:59

Датум на рецензирање: 02.12.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ЛАБАВА“ ТЕЗА КОЈА ВИСИ НА КОНЕЦ

Пласираната теза е многу „лабава“ и виси на конец. Се тврди, а во суштина се шпекулира, дека опозицијата има намера да ги бојкотира претстојните избори. Извор за „бомбастичната“ вест се некакви интерни анкети во СДСМ, кои, наводно, покажувале надолни трендови. Можеби е така, а можеби не. Текстот не нуди факти за поткрепа на информацијата, а за да ја увериш и да ја убедиш публиката, сепак треба нешто повеќе од „празно слово на хартија“. Многу лесно можело да се побара официјален став од засегнатите, новинарска азбука е да се слушне и втората страна, што секако ќе ја збогатело содржината и ќе покажело ангажираност и објективност во пристапот. Но, тоа не е сторено, што, пак, го „удира конечниот печат“ за пристрасен материјал. Можеби опозицијата ќе потврдела дека врши внатрешна анализа, ама ако не пробаш, како ќе знаеш, нели?

Понатаму, темелите на написот се „надградуваат“ со тоа што пишувале, како што се вели, соросовите портали и тоа се користи како „крунски доказ“ за формулацијата дека се готви бојкот. Нормално, а и очекувано, се употребуваат текстови на новинар, кој инаку е редовна мета на овој, но и на нему сличните интернет-медиуми. Лицемерство и недоследност – ем го плукаш, ем го користиш како извор. Но, него барем го именувале, за разлика од другите експерти. Мислам дека веќе стотина пати сме повториле дека терминот „експерт“ или „познавач“ маскимално се извитоперува и не ја разбирам потребата да се крие нивниот идентитет, освен дека можеби тие се само виртуелни ликови во некој комункациски и координативен центар. Но, лека-полека како самиот да се разоткри главниот брифер или, би рекол, инспиратор на написот.

„Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ никогаш не криеја дека постои можност СДСМ да ги бојкотира изборите, а премиерот Груевски можноста ја најави уште ноќта кога беше потпишан финалниот договор.“

И така доаѓаме до почетокот каде констатиравме „што на бабата ѝ било мило, тоа ѝ се сонило“.

Ако ова не беше доволен прекршок за „црвен картон“, веднаш дојде следниот:

„За очекување е по овој текст на Героски да почне „дебатата“ кај лево ориентираните „експерти“ главно финансирани со пари од СОРОС и сите еден по еден да му препорачаат на лидерот Заев да не излезе на изборите бидејќи тие нема да бидат регуларни и покрај тоа што се исполнети главните услови на опозицијата, односно тие ќе бидат спроведени од техничка влада во која СДСМ ќе ја има контролата врз клучните министерства.

 

По ова Заев „соочен со притисокот“ ќе мора да „попушти“ и да ја исполни желбата на „граѓаните“, односно да не се појави на избори. Ваквата тактика на СДСМ не е ништо ново на политичката сцена во Македонија. Со исти методи СДСМ се служеше и на локалните избори во 2013 година и на претседателските и парламентарните минатата година.“

 

МЕЛЕНО МЕСО НАМЕСТО КРТИНА

Аман веќе од коментари маскирани во вест. Ова е недозволиво зашто јасно и намерно се збунува публиката, која наместо да чита информација, добива нечии, неколкупати преџвакани мислења. Како во месарница да побарате кртина, а да добиете мелено месо. Вест е едно, коментар е друго, како што чистото месо не е исто со плескавица.

Ама, што да се прави кога времињата, во кои, за жал, успешно виреат вакви текстови, се такви што чиниш дека новинарскиот производ се купува како во продавница, безмалку како килограм месо.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести