verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Елвис е жив, Џим Морисон, Мерилин Монро, Курт Кобејн, сите се живи, па зошто да не и Аркан

on 7 - 12 - 2015       

11111 ---

 

[Рецензија: Шокантно: Аркан е жив и повторно е покрај Цеца]

 

Веќе почнав да стравувам од секое четиво во домашниот медиумски простор што почнува со бомбастичното „шокантно“. За конкретниот текст со право сум стравувал зашто ова е материјал од типот „Елвис е жив, исто како и Џим Морисон, заедно со Мерилин Монро во друштво со Курт Кобејн“. Во овој случај станува збор за српскиот паравоен лидер и криминалец од белградскиот асфалт Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Според напишаното, тој ептен е жив и ужива во слободата и затоа неговата сопруга, фолк-пејачката Цеца, досега не се премажила. Какво сочно парче сензационализам без какви било сопирачки.

 Шокантно_ Аркан е жив и повторно е пок_ - http___think.mk_pregled_shokantno-Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: АРКАН Е ЖИВ И ПОВТОРНО Е ПОКРАЈ ЦЕЦА

 Датум и време на објавување: 30.11.2015, 17:02

 Датум на рецензирање: 04.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЖОЛТО, ПОЖОЛТО, НАЈЖОЛТО, А И БЕЗ СОПИРАЧКИ

Да, знаеме дека сензационализмот лесно се продава, дека успешно намамува публика која речиси секогаш е гладна за „жолти вести“, а повеќе читатели значат и повеќе пари од комерцијалните огласувачи, ама, сепак, треба да се има одредено ниво во пласирањето такви вести. Овде имаме недвосмислено тврдење дека Аркан е жив, без притоа да се употреби некаква форма на новинарска ограда. Кој тоа така бомбастично потврдува, како што стои во насловот, дека не само што тој не е мртов, туку и си уживал со Цеца? Се вели:

„Аркан е жив и за него молчи државниот врв на Србија како и неговото семејство.“

Ај што немаме одговор кој како извор стои зад изјавата, туку само неколку редови претходно стои:

„Инаку индиции дека Аркан е жив покажа неговиот син Вељко. „Мојот татко е жив и здрав и ми испрати подарок“, изјави Вељко.“

Ај да се решиме дали семејството зборува дека е жив Аркан или не. Пример за контрадикција во самиот напис. Ако ова доволно не ги збунува читателите, тогаш следниот пасус е „шлагот на тортата“:

„Неговата „смрт“ се уште не е разрешена, а можеби и нема потреба, зошто како да се утврди нечија смрт ако тоа лице воопшто не е мртво, туку ужива во слободата. Како е можно тоа?“

Навистина, како е можно да срочиш ваква реченица и да „се извлечеш“. Едно е да се наведува, врз основа на некакви, какви било докази, меѓу кои и пишувања или истражувања на други медиуми, дека е можно убиството да е монтирано, ама друго е вака децидно да се тврди.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави“Кодекс на новинари

Текстот не само што од аспект на факти е неиздржан, непоткрепен со соодветни извори, контекстуални линкови, контрадикторен, туку наместо да нуди одговори тој поставува прашања до публиката.

„Дали Аркан е толку паметен да ја лажира својата смрт за сега да ужива во слободата, дали направил повеќе пластични операции на лицето, и дали сите овие години е покрај својата сопруга и децата во улога на телохранител?

Која е причината, дали толку го сакаше Аркан па одлучи да му биде верна до смрт, или пак навистина не можела да размилува за врска зошто покрај себе го имала Аркан?“

Колку што избројав од 15 реченици во текстот, дури четири завршуваат со прашалници. Новинарскиот текст, секако оној кредибилниот, треба да дава одговори, а не да нуди загатки.

Е, бидејќи некој толку љуби прашања, може ли и јас да поставам едно: да не се претера со ова шокантново, а?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

недоволни

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

најверојатно да

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести