Фејсбук-статус и вест, не е исто
Објавено во Рецензии
on 30 - 12 - 2015 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит]
Текстот е фејсбук-статус кој не содржи корисна информација за јавноста. Ниту информира, ниту едуцира. Во никој случај не станува збор за вест што може да биде објавена во еден медиум.
Линк до оригиналниот напис: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит
Датум и време на објавување: 16.12.2015, 10:24
Датум на рецензирање: 30.12.2015
Рецензент: Симона Атанасова
ПРИКЗАНА ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА
Непознато е дали е побарана и добиена дозвола да се пренесе личен, приватен статус од социјална мрежа.
Дури и ако целта била да ѝ се помогне на девојката да го пронајде момчето, текстот не одговара на едно од најважните прашања во новинарството – прашањето „кој“. Тука нема ниту име на девојката, ниту нејзин контакт. Нема ни линк до нејзиниот фејсбук-статус, па не можеме ни да бидеме сигурни дали ова е навистина нечиј статус, или е измислена приказна.
Дури и да има податоци за девојката и линк до статусот, сепак информацијата не е од никаде потврдена. Можеби станува збор за шега или за лага. Во никој случај не станува збор за вест. Во насловот стои дека овој фејсбук-статус станал хит, но во текстот не пишува како е дојдено до ваквиот заклучок. Имено, пренесен е само статусот, но тоа само по себе не значи дека е хит на „Фејсбук“.
За еден текст да биде вест, треба да исполнува минимум стандарди на професионално новинарство, да ја информира и да ја едуцира јавноста, а не во трката за кликнувања да пласира ФБ-статуси како релевантни информации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
фејсбук статус
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови