Веста треба да ги опфати сите страни
Објавено во Рецензии
on 5 - 01 - 2016 Автор: Xhenis Sulimani[Рецензија: „Репликата на Азизи од ДУИ за пратеничката на ДПА”]
Ова беше реплика на пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи во врска со информацијата за аерозагадувањето, побарана од страна на пратеничката на ДПА Мерале Узеири – Ферати, која континуирано ја обвинуваше ДУИ.
Драга колешке, немам многу за кажување, затоа што вашиот говор беше само повторување на она што го кажавте и во дискусијата за буџетот и за Извештајот за напредок на ЕУ , а и во пратеничките прашања и при секоја седница на парламентот на која вие присуствувате, што искрено и не се случува многу често.
Од вашиот говор единствено заклучив дека најпосле сте научиле кој е министер за екологија, односно Нурхан Изаири и за ваша информација Беким Незири е министер за економија. Ви честитам за ова, а за во иднина ве советувам да не ја обвинувате ДУИ за лошите сништа кои ги сонувате додека спиете“, кажала во својата реплика пратеничката од ДУИ Калтрина Азизи за Мерале Узеири – Ферати од ДПА.
Известувањето за текот на настаните во Собранието и дебатите што се одвиваат на пленарните седници се од особена важност за јавноста, бидејќи се директно поврзани со претставниците на народот и секогаш се следени со многу внимание. Затоа, новинарите треба да бидат многу внимателни во врска со информирањето околу настаните во Собранието и треба да бидат колку што е можно пообјективни.
Линк до оригиналниот напис: „Реплика на Азизи од ДУИ за пратеничката на ДПА”
Датум и време на објавување: 14.12.2015
Датум на рецензирање: 25.12.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Рецензираниот текст е типичен пример за тоа како не треба да изгледа една вест за дебатата во Собранието. Новинарот известува за ставот на пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи, но без да го пренесе ставот против кој таа побарала реплика.
„Ова беше реплика на пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи во врска со информацијата за аерозагадувањето побарана од страна на пратеничката на ДПА Мерале Узеири – Ферати која континуирано ја обвинуваше ДУИ.“
За да биде информацијата целосна и сеопфатна, новинарот требало да го пренесе и ставот на пратеничката на ДПА, Мерале Узеири – Ферати. Требаше да се појасни за која изјава имало реплика и како почнала дебатата, за сето ова да се разбере што подобро од страна на читателите.
Вака како што е известено, во јавноста се добива впечаток дека медиумот е портпарол на една партија, а не објективен пренесувач на целосната вистина. Секоја политичка пропаганда во новинарски текст е тешко кршење на професионалните стандарди.
Медиумите никако не смеат да се стават во функција на партиските агенди. Новинарството никако не смее да биде партизирано. Примарната цел е служење на народот преку правично, точно, целосно и сеопфатно информирање.
Изборот на фактите дефинитивно треба да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира. Така пишува во eтичкиот Кодекс на новинарите на Македонија.
(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови