verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Толкувањата на новинарот не се дел од професионализмот

on 30 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков”]

Толкувањата не се дел од професионализмот во новинарството. Во моментот кога новинарот си дава право да протолкува една одредена изјава, тој излегува од рамките на навинарската професија.

download (1)Линк до оригиналниот напис: Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков

Датум на објавување: 04.12.2015

Датум на рецензија: 18.12.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Рецензираниот текст содржи коментари и толкувања по желба на новинарот. Текстот има привлечен наслов, но е тенденциозен. Пред да извести за ставот на пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху, искажан во Анкетната комисија за скандалот со прислушување, новинарот дава лично мислење за ставот на пратеникот.

„Фејзулаху има страв во списокот на ДПА да бара отчет од Сашо Мијалков, Никола Груевски и Гордана Јанкуловска.“

 

Ваквиот пристап на новинарот го прави текстот едностран, додека алтернативата на новинарот е непристрасноста. Тој во јавноста остава впечаток дека текстот има цел да манипулира, а не да информира правично.

На еден необичен начин за новинарските стандарди, новинарот вели дека ставот на пратеникот се разликува од неговите толкувања (како новинар). Значи, изворот тврди нешто сосема друго, но бидејќи новинарот мисли поинаку (и тоа без факти или други извори), тоа требало да биде и вистината. „Стравот“ за кој зборува новинарот, не е поткрепен од податоците во текстот.

„Пратеникот Фејзулаху ова го потврди и јавно во синоќешната собраниска комисија, но ова тактизирање на ДПА тој го оправдува поинаку. „ДПА не е причинител на кризата и не им верува на државните институции. ДПА нема поднесено список на прашања за сведоците, или пак другите инволвирани лица. Поради две причини. Прво, ние сме опозициска партија, и за разлика од другите партии кои се тука, ДПА нема прст не само во оваа криза,туку ни во скандалот со прислушкувањата или составувањето на досиеата“.

Во етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија, јасно стои дека мислењето на новинарот не може да биде факт:

Секогаш треба да се настојува да се сочува оригиналниот контекст на сите изјави или другите посебни делови. При новинарското известување не смее да се менува значењето на реченицата или изјавата.

Новинарите имаат право да имаат свое мислење, став или да вреднуваат, но не смеат тоа да го камуфлираат како истите да се факти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести