verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Подгреана бајата медиумска чорба

on 30 - 12 - 2015       

Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски_ I_ - http___republika.mk_

[Рецензија: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?]

 

Текстот што го рецензираме може да биде пример за студија на случај, односно за еден феномен особено присутен во последните години во македонската новинарска практика – подгреани медиумски содржини, односно манџи.

Тоа се текстови што немаат никаква нова информација. Наместо тоа, имаат само намера да атакуваат некого со стари шпекулации и со недокажани инсинуации, рециклирани и ставени во „нова“ рамка колку да се подгреваат обвинувања, тензијата, нетрпеливоста насочени кон целта, најчесто некоја или повеќе личности.

12282015-Republika-Katica-CЛинк до оригиналниот напис: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?

Датум и време на објавување: 27.12.2015, 10:49

Датум на рецензирање: 30.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ОБВИНИТЕЛ, СУДИЈА И ЏЕЛАТ

Оттаму, наместо автентична медиумска содржина која има некаква новост, кредибилни извори и сеопфатност, пред нас е „новинарски“ производ кој прекршил најмалку четири принципи на професионалното и етичко новинарство утвредни со Кодексот на новинарите.

Како прво и најсериозно прекршување е тоа што налага почитување на принципот на пресумпција на невиност која произлегува од членот 8:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Наместо да се почитува оваа препорака, текстот што го рецензираме му наложува на јавниот обвинител:

„да го гони уште пожестоко  овој човек што се уште претставува сериозна закана“.

И со тоа ја презема улогата на обвинител, судија и на џелат.

Тоа го води овој текст во следното прекршување на професионалните принципи кои произлегуваат од членот 10:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Напротив, овој текст обвинува и суди без тоа да биде докажано и говори со јазик на омраза.

Во занесот на сопствената пристрасност, оваа медиумска содржина ја прескокнала границата меѓу фактите и мислењата и го прекршиле и членот 13 од кодексот:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Сето претходно нè доведува до конечниот заклучок што произлегува од овие недоследности, дека тие се рожба на пристрасноста со која е напишан овој текст. А, членот 14 од Кодексот на новинарите по ова прашање е сосема јасен:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

има елементи на говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести