verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Agron Vrangalla

Новинарот на колена пред партиските интереси

на 7. 03. 2017 | | sq

 

Напис: Али Ахмети и Муса Џафери го клекнаа на колена Зоран Заев

Вечерва на средбата одржана во седиштето на ДУИ во Мала Речица меѓу лидерите на ДУИ и на СДСМ бил присутен и Муса Џафери, кој во текот на средбата неколкупати се замешал остро давајќи му до знаење на Зоран Заев дека потписите на пратениците на ДУИ не се само имиња, туку дека тие се клучот за формирање на идното мнозинство. Исто така, извори блиски до порталот „Пика“ ни даваат до знаење дека токму Муса Џафери на директен начин му дал до знаење на Зоран Заев дека ДУИ нема да измени ниту една запирка од нејзините услови како што се јазикот, правната држава, пропорционалната поделба на буџетот. Зоран Заев

На челото на веста, коментар!

на 1. 03. 2017 | | sq
 

Напис: Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека доцна синоќа од ДУИ ги добиле документите со предлози за законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не видел што содржи документот, но една група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска и голем број експерти од партијата и надвор од неа го проучуваат материјалот. „За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и потребите на албанските граѓани и, секако, и на другите малцинства. Предлогот да биде во согласност со Уставот и да ги одрази практичните потреби на граѓаните и јас мислам дека ќе најдеме решение“, рече Заев.  

[Рецензија: „Заев не го менува

Хомофобија маскирана како новинарство

на 10. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас

Единствениот член Aлбанец од Тетово на здружението на хомосексуалците, провоцирал со еден статус во кој што вели: „Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“. Хомосексуалноста не е предвидена со законите на Македонија и се појавува како една вознемирувачка појава, но има организации и лица кои на разни начини ја промовираат хомосексуалноста. Еден од нив е  и Беким Асани, кој за да привлече меѓународни фондови, ја промовира хомосексуалноста на сите можни начини.  

[Рецензија: „Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“]

Рецензиите направени во рамки на овој проект

Место факти за флерт, флертување без факти

на 9. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците

По враќање на мандатот од страна на Никола Груевски, кој не успеа да формира нова влада со ДУИ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции, само и само за да ја формира идната влада, дознава „Тетовасот“. Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство. Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи. Не се знае дали овие функции може

„Fake news“? Да, повелете!

на 8. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Последна вест – Груевски ја прифаќа aлбанската платформа

Се очекува Македонија да ја состави својата нова влада по постигнување договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прифатил условите на Демократската унија за интеграција и Платформата на Албанците, пренесува „Тетовасот“. Груевски ги прифатил сите барања на албанската страна, вклучувајќи го и барањето за албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија и негова употреба на сите нивоа на администрацијата./Тетовасот/  

[Рецензија: „Последна вест: Груевски ја прифаќа албанската платформа“]

Трендот што во последно време на големо се дискутира меѓу научниците што се занимаваат со проучување на медиумите cе „fake news“ или лажните вести. Причината за ова е што со масовизацијата на новите медиуми (не само во нивното

Критика преку „Фејсбук“ не е секогаш вест, а ниту е доказ за „тензиите во ДУИ“!

на 6. 02. 2017 | | sq

Напис: Тензично во ДУИ

Џезаир Шаќири, поранешен „командант Хоџа“, пишува дека ситуацијата во ДУИ е многу тензична.  Пратениците од оваа партија имаат мака со својот лидер, бидејќи тој по секоја цена сака да формира коалиција со Никола Груевски. „Тензично во ДУИ. И тие малку пратеници кои имаат патриотски чувства, имаат мака со Али Ахмети. Му велат: Али, ако формираме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгубиме локалните избори, ќе бидеме изолирани од меѓународната заедница и Албанците. Но, Али Ахмети решително вели: „Дури и да ги изгубиме локалните избори и меѓународната заедница, влада ќе правиме со ВМРО и за тоа одлучувам јас“. Оваа решителност на Али Ахмети да жртвува сè поради ВМРО, не може да се објасни поинаку освен дека ВМРО-ДПМНЕ ги

Шокантна лага за еден измислен конфликт

на 24. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!

На границата меѓу Косово и Србија, односно во близина на селото Добросин денеска имало една премногу тензична ситуација. Весникот „Блиц“ од свои извори разбрал дека имало пукотници од огнено оружје меѓу српската жандармерија и косовската полиција. Според изворите на весникот „Блиц“, српската жандармерија била таа која провоцирала прва. „Во еден момент, ситуацијата ескалира. Се слушнаа пукотници од оружје“, истакнал овој извор, не давајќи повеќе детали. Според овие извори, настанот се случил рано наутро, некаде по 5 часот. Од друга страна, од косовската полиција велат дека немаат информации за тензична ситуација во тој дел на границата. Контактиран од страна на весникот „Блиц“, портпаролот на косовската полиција, Баки Келани,

Наместо професионална вест, шпекулација за сценарио

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Ексклузивно – Можно сценарио, Иванов ќе поднесе оставка?!

По истекот на рокот како мандатар, како што дознава порталот „Тетова сот“, Никола Груевски нема да успее да состави влада и едно можно сценарио е претседателот Ѓорге Иванов  да поднесе оставка за да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ова сценарио, како што ce дознава, може да се случи на денот кога на Никола Груевски му истекува рокот на мандатот, затоа што тој нема да може да ја состави новата влада. Инаку, Никола Груевски отворено изјави дека не ги признава точките на платформата на Aлбанците, а од друга страна лидерот на ДУИ, која е главниот клуч за формирање на владата и која има 10 пратеници,

„Вести“ од светот со локални „зачини“

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: 30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика

Требаше да биде божиќна прослава, но поради политиката, се претвори во масовна тепачка. Станува збор за една прослава организирана од дијаспората на Македонија во Берлин, Германија. Триесет лица во алкохолизирана состојба првин почнале вербална кавга, а потоа и тепачка, информира „Илиридањуз“. Дел од учесниците во тепачката добиле тешки повреди. Меѓу повредените има и неколку жени.  

[Рецензија: „30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика“]

Дека има делумно лажни вести чија цел е публиката во Македонија, е познато. Но, за да се најде чист доказ за ова, една цела вест од почеток до крај, ова се случува малку поретко.   Линк до оригиналниот напис: 30 македонски

Новинарите треба да произведуваат вести, а не политички упатства

на 9. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Средбите за обединување треба да ги организира Билал Касами, а не Али Ахмети

Да беше совесен Али Ахмети, ќе го признаеше поразот, давајќи му можност на Билал Касами да организира средби за обединување на партиите со латинични букви. Мендух Тачи веднаш го призна Билал Касами како татко на опозицијата во вентилаторот, и исто така, ова го призна и Зијадин Села. Правилата на средбата за обединување околу вентилаторот треба да ги одреди Беса, Алијансата и ДПА. Доколку на ДУИ ѝ е толку при срце интересот на Албанците, треба да ги почитува условите на опозицијата што претставува 120.000 гласачи наспроти 87.000 гласачи на ДУИ! Ние, како дијаспора, би посредувале меѓу партиите со латинични букви, како и меѓу партиите со кирилични

Претплатете се за најнови вести