verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Вести“ од светот со локални „зачини“

on 20 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 219 - 30 shtetas të Maqedonisë rrihen mes vete në Berlin _ - https___ilirianews.mk_

 

Напис: 30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика

Требаше да биде божиќна прослава, но поради политиката, се претвори во масовна тепачка. Станува збор за една прослава организирана од дијаспората на Македонија во Берлин, Германија. Триесет лица во алкохолизирана состојба првин почнале вербална кавга, а потоа и тепачка, информира „Илиридањуз“.

Дел од учесниците во тепачката добиле тешки повреди. Меѓу повредените има и неколку жени.

 

[Рецензија: „30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика“]

Дека има делумно лажни вести чија цел е публиката во Македонија, е познато. Но, за да се најде чист доказ за ова, една цела вест од почеток до крај, ова се случува малку поретко.

 

[Recension: “30 shtetas të Maqedonisë rrihen mes vete në Berlin shkak i politikës”]Линк до оригиналниот напис: 30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика

Датум и време на објавување: 12.01.2017

Датум на рецензирање: 16.01.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Текстот на овој линк  е една од тие содржини. Нема ниту еден единствен елемент што би нè убедил дека веста содржи барем дел од еден вистински настан.

Насловот на оваа вест, освен што е лага, е и провокативен, сензационален, конспиративен, поттикнувачки… Жална е констатацијата за тоа колку далеку отишла манипулацијата на медиумите и, особено, на еден дел од порталите во Македонија. Ова не се случајни грешки за кои може да се има разбирање и што може  да се простат.

Ваквите текстови не се ни агитација ниту, пак, пропаганда со политичка заднина. Пропагандата има друга структура, таа е камуфлирана со делови од вистината, понекогаш игра со рационалноста, некогаш со чувствата, составена е од конструкција што има еден логичен тек на нештата. Затоа, што и да се каже, не е лесно. На крај, кон кого е насочена лагата? Јавноста ги знае работите, како што ги знае и тие што ја градат пропагандата преку информирање.

Конкретната вест е излезена надвор од секоја рамка. Тешко е да се најде едно име. Има аналогија на сензационалност, што подразбира едно сосема ново откритие, за кое сите други (новинари и јавност), уште не се запознаени. Или, пак, станува збор за случај кој е подготвен од други, за новинарот да го употреби во нечиј прилог или на нечија штета. Можеби, со некои елементи се доближува до сензационалната вест, но сепак е многу далеку од тоа.

Важно е да се каже дека секоја информација, точна или лажна, бара план за изградба, бара време и употреба на интелектот. Внимавајте, лажливците се паметни луѓе. Тие ги газат човечките начела, но не може да се каже дека не се паметни.

Оваа вест изгледа како едно парче камен што некој го донел од Марс, што нема име. Објавена е една фотографија (според тоа што се гледа, претпоставуваме дека е преземена од некоја видеоснимка), каде што се гледа како една група луѓе се тепаат меѓу себе. Заедно со тоа, објавени се пет редови текст, во кои пишува дека за време на една божиќна прослава во Берлин, триесет луѓе во алкохолизирана состојба се степале со тупаници поради политички причини.

Нема ни изјави, ни официјална потврда, ниту, пак, некоја симболика во објавениот запис, а нема ни некој друг доказ што го потврдува ова… Барем видеоснимката да беше објавена. И, се вели дека станува збор за група луѓе од македонската дијаспора!

На вакви објави, не само што не им верува никој, туку, како прво, тие не се воопшто корисни и за самите портали што ги објавуваат, бидејќи немаат никаква придобивка од нив, освен ситната и краткорочна придобивка на кликнувања генерирани од самиот текст. Гледајќи на малку подолг рок, може да бидат само штетни. Затоа, важно е секоја објава да има еден вид премиса што го легитимира јавниот интерес од една страна, како и вистинитоста на веста од друга страна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести