verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Agron Vrangalla

Фотографија „без илјада зборови“, се дополнува со факти, а не со шпекулации

на 8. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, направил една фотосесија во неговото родно место, известува агенцијата за вести ИНА. Во овој албум, како никогаш порано, тој се појавува со пиштол на појасот. Освен ова, тој изгледа е и со необична облека. Фотографиите се споделени по социјалните мрежи, а многу корисници го поставиле прашањето од кого се плаши Али Ахмети, па шета вооружен и во регионот на општина Зајас. (ИНА)  

[Рецензија: „Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот“]

Доколку ви се случи да ги споредите фотографиите во фото-апаратот на еден турист со тие на еден фото-репортер, ќе забележите дека станува збор за еден целосно различен сет на фотографии.

Односи со јавноста наместо новинарство

на 2. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Топ вест: Острени неблагодарен, од 2008 година секој месец зема од „Телеком“ по 2 илјади евра?!

Скопје 19 мај –  Поранешниот генерал на ОНА од 2001 година во Македонија, Гзим Острени, од крајот на војната до ден денес, повеќе од 15 години продолжува да ужива различни привилегии од власта, известува „Журнал“. Од 2002 година, кога ДУИ победи на изборите и стана дел од извршната власт, генералот Острени ја вршел функцијата пратеник, потпретседател на Собранието, како и член на управниот одбор на „Телеком“, позиција која продолжува да ја врши и ден денес. Иако неговите месечни паушали од позицијата член на управниот одбор на „Телеком“ достигнуваат до 2.000 евра, албанскиот генерал, сега во пензија (74-годишен), излезе незадоволен од политиките што 

Ништо од веста, само претпоставки

на 19. 05. 2016 | | sq

Напис: Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса

Денешниот протест завршил порано од планираното поради тензиите кои се појавиле кај протестантите, поради оневозможувањето на едно одредено лице да држи говор. Организаторите му дадоа збор само на Ким Мехмети и на Беса како опозициски совет, и на никој друг, иако било планирано и други да држат говор. Протестот заврши и поради тоа што „Шарената револуција“ ги чекаше своите протестанти да се вратат во нивниот протест.  

[Рецензија:Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса]

Доволни се само неколку редови за да се разбере аматеризмот на дел од содржините на интернет-медиумите. Во последно време зголемен  е бројот на тие што претендираат дека прават новинарство на веб-просторот, но без да

„Интелигенцијата“ на еден пратеник не ја одредува новинарот во веста

на 12. 05. 2016 | | sq

Напис: „Паметната Калтрина Азизи: Прво се поклони кај „бранителите“, сега кај паднатите борци!“

Поранешната пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи, денеска оддаде почит кај гробиштата на загинатите борци на ОНА. Таа, меѓу другото, на својот фејсбук-профил напишала дека хероите на ОНА ќе ја имаат најголемата можна почит што се пожртвуваа за татковината. „Денеска, на овој значаен ден, 5 мај, понизно се присетуваме на пожртвуваноста на сите паднати борци за татковината. И додека зборуваме, размислуваме уште колку работа ни е преостаната за да го исполниме нивниот завет. Слава, на народните херои, нивното име и нивното дело“, напишала Азизи. Ако се прашувате, таа е истата онаа Калтрина Азизи, која пред две години се поклони пред споменикот на „бранителите“ Македонци, иако е од село

Атрибуцијата и директните докази – најдобар штит на новинарот

на 27. 04. 2016 | | sq

Напис: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!

Една Фатиме Фетаи е амнестирана, но не Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство. Поради брзањето да заврши работа, Иванов ги помешал поединците, известува „Телеграфи Македонија“. Порталот „Сакам да кажам“ информирал дека претседателот Ѓорге Иванов ја промашил целта на помилувањето и по грешка помилувал една Фатиме Фетаи од Гостивар. Ова го потврдува и писмото од Фатиме Фетаи, специјалната јавна обвинителка, која му се обратила на претседателот Иванов, каде му кажува дека таа нема пријава, но ниту била некогаш кривично гонета од некој македонски суд. Инаку, Фатиме Фетаи, онаа вистинската, живее во Боговиње, а не во Гостивар. /Телеграфи/  

[Рецензија: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!]

Некои вести се малку поспецифични

Добра вест е само потврдената вест!

на 8. 04. 2016 | | sq

Во Ирак се одвиваа најмалку три војни. Традиционалната војна, неформалната војна и информациската војна.[1]

Џејмс Робинс, BBC, 24 Март 2003

    Пишува: Агрон Врангала Зголеменото присуство на полициските сили, вечерта на 25 март, иницираше еден вид страв кај жителите на Кумановскиот Регион. Барем вака известуваа медиумите. Поради физичка неможност сите граѓани да бидат присутни на разни настани, на некој начин тие се зависни од информациите што ги нудат медиумите. Има многу теории за информацијата, нејзиното пакување, аглите и гледните точки, стилот на известување, квалитетот, брзината на информацијата и така натаму. Сите овие може да се дискутираат посебно, но од клучна важност е информацијата да не содржи нијанси на пропаганда. Уште повеќе, кога новинарот или медиумот сметаат

Без докази во текстот, „револтот“ е поттик и манипулација

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: 120 поранешни парамилитарци Македонци „лавови“ се вработуваат, Албанците револтирани!

Скопје, 14 март – Поранешните парамилитарци Македонци кои беа познати како „лавови“  на поранешниот министер на полицијата, Љубе Бошковски, конечно се примени во Армијата на Македонија. Овие луѓе се бореле во 2001 година против поранешните припадници на ОНА и ги гранатирале местата населени со Албанци во Македонија. Решавањето на проблемот на поранешните парамилитарци Македонци го потврдил и поранешниот македонски генерал, Стојанче Ангелов. Тој овие информации ги објавил и на својот фејсбук-профил. Инаку, 112 поранешни професионални војници на Армијата на Република Македонија (АРМ) добиле договор за работа со што е решен засекогаш нивниот статус. Договорите се потпишани во присуство на техничкиот премиер, Емил Димитриев, и министерот на одбрана, Зоран Јолевски, а

Како да се почитува авторското право и како да се цитираат вестите на веб?

на 25. 03. 2016 | | sq

Повредата на авторските права во Македонија е казнива со закон. Медиумите, вклучувајќи ги и тие на интернет, не се исклучени од законската одговорност. Интернет-порталот, во случај на прикажување на една одредена фотографија, аудиовизуелно дело, дело од фигуративната уметност, пишано дело, музичко дело и други авторски дела, мора да го напише авторот и од каде го презел авторското дело

  Пишува: Агрон Врангала Едно од најевидентните проблематични прашања во објавувањето на текстови на интернет е почитувањето на авторското право или интелектуалната сопственост. Овие аспекти секогаш биле предмет на дискусија во светот на уметничката креативност, но и во публицистиката или новинарството, долго пред да се измисли интернетот и објавувањата на веб-страници. Меѓутоа, како што изгледа, во процесот на интернет-објавување, прашањето на авторското

Јавноста, жртва на неточности

на 19. 02. 2016 | | sq

Напис: Изборите се одлагаат за април 2017 година, се формира техничка влада?!…

Големи се шансите предвремените парламентарни избори да не се одржат во 2016 година, но да се одложат за март или април во 2017 година, кажуваат за „Лајм“ високи партиски извори вклучени во преговорите. Во меѓувреме, овие информации ги потврдиле и дипломатски извори во Скопје. Според нив, во меѓувреме ќе се формира техничка влада, проширена со сите четири најголеми партии, која ќе направи сериозна подготовка за следните избори. За време на мандатот на оваа проширена влада, се очекува да се реши и прашањето за името, додека Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Нашите извори кажуваат дека меѓународните набљудувачи заедно со

Односот меѓу порталите и интернет-верзијата на традиционалните медиуми

на 16. 02. 2016 | | sq
Време кога информациите ве наоѓаат вас. Фото Скриншот Поимот јавен карактер е во опасност и зема друга конотација и токму тоа треба да биде мисија на сериозните медиуми, да ја сочуваат и да ја одгледуваат информацијата од јавен интерес, но прво треба да постигнат една поголема свесност кај публиката за самиот поим, а потоа им останува ним да ја прават разликата. Не треба да се измешаат активностите на истиот медиум

Претплатете се за најнови вести