verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Место факти за флерт, флертување без факти

on 9 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 253 - Nisën joshjet e Zaevit për shqiptarët_ - http___www.tetovasot.com_2017_01_n

 

Напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците

По враќање на мандатот од страна на Никола Груевски, кој не успеа да формира нова влада со ДУИ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции, само и само за да ја формира идната влада, дознава „Тетовасот“.

Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство.

Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи.

Не се знае дали овие функции може да бидат и дел од преговорите за формирање на владата, но доколку Заев не го реши прашањето за албанскиот јазик пред да се формира владата, лидерот на ДР-ДПА рекол дека нема да прифати ниту една идна влада.

Инаку ДУИ пред неколку денови ѝ зададе силен удар на ВМРО и не се знае дали истото ќе го направи и со СДСМ, ако таа партија не ја прифати албанската платформа. /Тетовасот/

 

[Рецензија: „Почна флертувањето на Заев со Албанците“]

Ако сакате да разберете дали една вест е точна или, пак, станува збор за клевета, сè што треба да направите е да прочитате  дали се спомнати изрази од видот „не се знае дали…“, „се мисли дека…“, „како што се зборува во…“ и слично. Тогаш, многу е веројатно дека нема што да се чита понатаму. Едно е сигурно – станува збор за спин или обид за манипулација.

[Recension: “Nisën joshjet e Zaevit për shqiptarët”]Линк до оригиналниот напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците

Датум и време на објавување: 31.01.2017

Датум на објавување: 06.02.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Навистина е чудно како е можно толку лесно и комотно да се објавуваат вести од ваква природа, кои во себе немаат никаква индикација што го докажува тоа што е кажано или напишано. Ова не е единствен случај за како таков воопшто да не се земе предвид. Станува збор за десетина случаи каде што нашите медиуми објавуваат текстови од оваа категорија. И, ова никому не му пречи. Чудно.

Ќе се обидеме да ги наброиме едно по едно тврдењата во текстот кои не се поткрепени со никаков доказ и кои може да се оценат како невистини:

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции само и само за да ја формира идната влада“.

Тука нема ништо издржано. Што подразбира флертување во овој контекст? Со што? Со кого? Заев веќе долго време не зборува за барањата на албанските партии. Тој што флертува, изгледа и дејствува поинаку. Како и да е, нема факти за такво нешто, значи ова не држи вода.

„Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство“.

Реченицата е напишана во форма на констатација – на една условна реченица или хипотетичка проценка. Без да се има официјален став или партиско потврдување, не може да се изнесат такви констатации, иако можеби изгледаат логички. Не дека нема преговори меѓу СДСМ и албанските партии, но реченицата како таква е претставена погрешно, изгледа како коментар од редакцијата, бидејќи не цитира ниеден извор.

„Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи“.

Чиста фантазија. Сосема невистинита. Од каде ги добија овие информации? Како е можно толку лесно да се изнесат вакви констатации? Дури и да станува збор за точни информации, не е дозволено да се пишува на ваков „херојски“ начин, без да се наведе тврдење дека станува збор за сигурен и доверлив извор. Без да ни го каже ова јавно (или во доверба), некој што припаѓа на таа партија, ние, како новинари, немаме право да го кажеме.

„Инаку ДУИ пред неколку денови ѝ зададе силен удар на ВМРО и не се знае дали истото ќе го направи и со СДСМ, ако таа партија не ја прифати албанската платформа“. 

Се знае, не се знае, има шанси, нема шанси… Сето тоа треба да се тргне. Дали ќе го направи ДУИ истото со СДСМ, како што направи со ВМРО-ДПМНЕ, ова останува да се види. Новинарите не се гатачи, туку луѓе што зборуваат со факти.

Овие непростливи грешки што се поставени во овој текст, кој е еден од многуте, само докажуваат дека новинарствто боледува од непрофесионализам.

Лекот може да се добие само преку потрага и потврдување на вистината и на фактите. Затоа, треба многу внимание кај сите што се занимаваат со оваа професија. Фактите се есенцијата на вестите, а не нашите видувања врз фактите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести