verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест закопана во коментари

on 9 - 02 - 2017       

kurir 1

[Рецензија: Жерновски призна дека лаже, се демантираше себеси во стилот на Заев]

 

„Жерновски се сретна со претставници на еколошките здруженија и најави набавка на мобилна мерна страница за загадениот воздух“. Ова би требало да е водечката информација во текстот доколку се составува во согласност со професионалните начела. Но, наместо тоа, имаме спин, напади и коментирање.

Жерновски призна дека лаже се демантираше себеси во стилот на Заев Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Жерновски призна дека лаже, се демантираше себеси во стилот на Заев

Датум и време на објавување: 08.02.2017, 13:19

Датум на рецензирање: 08.02.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

Политичката пристрасност на текстот се забележува во самиот наслов. Не е јасно по која основа градоначалникот на скопската општина Центар се споредува со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и како се утврдени „стиловите“ по кои двајцата се слични. Без одговор на ова прашање, првите пасуси на написот откриваат обид за лична дискредитација. Воведот на текстот, во кој се вели дека градоначалникот се сретнал со претставници на еколошки здруженија, е закопан под коментаторски преглед за претходните активности на Жерновски. По коментарот дека тој е познат како „градоначалник кој генерално сака да набавува работи“, се даваат низа обвинувања за кои не се изведени конкретни докази и нема линкови до претходни содржини или какви било факти.

Веста е закопана под овие забелешки кои создаваат сомнеж за обид за лична дискредитација и за политичка пристрасност евидентна во насловот. Информацијата се надградува со коментар.

„Односно поконкретно: она што се договориле е дека Жерновски повторно ќе може да го прави она што најдобро го знае – да набавува работи“.

 

НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

Остануваат неодговорени прашања кои укажуваат дека написот не е во согласност со професионалните стандарди:

  • Како е утврдено што Жерновски најдобро знае?;
  • Каде се изјавите по средбата – од Општината или градоначалникот, како и од екологистите?;
  • За какви набавки станува збор?

Наместо одговор на овие отворени прашања и каква било информација за исходот од средбата за која се пишува, имаме нови коментари:

„’Мрзеливиот градоначалник’ како што го нарекуваат на интернет мрежата, каде и генерално го поминува најголемиот дел од својот мандат кога не е во процес на набавки, неколку дена се правдаше за импотентниот одговор на проблемот со аерозагадувањето бидејќи наводно немал ингеренции“.

И повторно е нејасно:

  • Кој го нарекува „мрзеливиот градоначалник“ и дали врз основа на информации од „интернет-мрежата“ вреди да се даваат лични описи кои се јасно навредливи?;
  • Од кој дел на интернет-мрежата потекнува оваа констатација? (социјални мрежи, портали…);
  • Како е утврдено дека градоначалникот го поминува најголемиот дел од својот мандат на интернет? Дали е направен опсежен надзор на неговите активности и каде се доказите за ваквото тврдење?

 

 

КОМЕНТАРИ ЗА ЛИЧНА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Наместо факти, имаме дополнителни коментари кои се јасно насочени кон лична дискредитрација:

„Сега во манир на голем државник Жерновски се демантираше самиот себе и потврди дека сепак има ингеренции да презема конкретни чекори и мерки околу состојбите во животната средина“.

Ваквите формулации се неприфатливи во професионалното известување. Ако е потребно да се посочи дека градоначалникот не дејствува во согласност со своите надлежности, доволно е неговата изјава да се спореди со прегледот на надлежности и да му се допушти на гледачот да одлучи какви се манирите на именуваниот. Понатаму, професионалниот новинар е должен да ги пронајде учесниците во настаните за кои се пишува за да им даде можност да одговорат на евентуалните напади за наводно незаконско однесување. Немаме доказ дека Жерновски е консултиран за дополнителна изјава, а како извор на информации се употребува објава на социјалните мрежи. Тоа укажува дека текстот е несеопфатен. Но, затоа, коментари има во изобилство.

„Откако Жерновски ги откри ингеренциите на општината, реши и дека ќе биде конкретен па ќе набавува мобилна мерна станица и допрва и тој ќе го мерел загадувањето на воздухот“.

Ако се остстранат коментарите и веќе видливиот спин насочен кон лична дискредитрација со непрофесионални „чаршиски“ формулации, текстот е должен, во согласност со професионалните стандарди, да информира декa:

  1. Градоначалникот на Општина Центар се сретнал со претставници на еколошки здруженија;
  2. Градоначалникот најавил дека ќе набави мобилна мерна станица;
  3. Градоначалникот напишал на социјалните мрежи дека „речиси нема ингеренции“ кои се наведени на интернет-страницата на Општина Центар.

Сите овие елементи се вклучени во текстот, но закопани и закитени со формулации слични на следнава:

„Градоначалникот без ингеренции често докажувал дека не е презаинтересиран за работа, туку за боемски улици, твитер и одмори во ски-центри“.

 

НЕСЕОПФАТНОСТ

И веќе кон крајот, повторно се демонстрира несеопфатност. Се испуштаат поплаките на жителите на Скопје и на други градови во земјава кои се жалеа за неисчистени улици од снег, а забелешката се фокусира само на една скопска општина.

„Токму неодамна, додека целата општина Центар беше преплавена со снег и жителите на најцентралната општина во Скопје се санкаа по неисчистените улици и нивната безбедност беше доведена во прашање, Жерновски мирно и спокојно одмараше во ски-центар не покажувајќи ни милиграм интерес да се врати на работа и да преземе чекори за средување на улиците низ општината“.

Имаме текст кој во најголем дел употребува неофицијални извори на информации. Во насловот може да се идентификува политичка пристрасност, а структурата на написот ги закопува фактите, мешајќи ги со коментари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести