verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите треба да произведуваат вести, а не политички упатства

on 9 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-197-takimet-per-unifikim-duhet-ti-organi_-http___ina-online-net_takimet-per

 

Напис: Средбите за обединување треба да ги организира Билал Касами, а не Али Ахмети

Да беше совесен Али Ахмети, ќе го признаеше поразот, давајќи му можност на Билал Касами да организира средби за обединување на партиите со латинични букви.

Мендух Тачи веднаш го призна Билал Касами како татко на опозицијата во вентилаторот, и исто така, ова го призна и Зијадин Села.

Правилата на средбата за обединување околу вентилаторот треба да ги одреди Беса, Алијансата и ДПА.

Доколку на ДУИ ѝ е толку при срце интересот на Албанците, треба да ги почитува условите на опозицијата што претставува 120.000 гласачи наспроти 87.000 гласачи на ДУИ!

Ние, како дијаспора, би посредувале меѓу партиите со латинични букви, како и меѓу партиите со кирилични букви, кои сè уште бесправно ја држат тапијата на државата, ВМРО и СДСМ!

Ние сме добри и со Заев и со Груевски!

Дијаспората за Албанците од Македонија.

 

[Рецензија: „Средбите за обединување треба да ги организира Билал Касами, а не Али Ахмети“]

Инструкциите, препораките, предлозите, параметрите за тоа кој треба да организира средба за обединување на албанските партии, се прашања што не ги презентира самиот медиум. Ова, за дел од интернет-медиумите, по сè изгледа сè уште е нешто непознато. Или можеби се преправаат дека не го знаат овој детаљ од новинарските стандарди, уривајќи ја довербата кај јавноста.

[Recension: “Takimet për unifikim duhet t’i organizojë Bilall Kasami e jo Ali Ahmeti”]Линк до оригиналниот напис: Средбите за обединување треба да ги организира Билал Касами, а не Али Ахмети

Датум и време на објавување: 29.12.2016

Датум на рецензирање: 31.12.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Овде изгледа како да имаме едно соопштение доставено од некоја организација што ја организира дијаспората на Албанците од Македонија, кое е објавено така како што дошло на електронската адреса на редакцијата. Останува да се види дали станува збор за соопштение доставено од оваа организација или е „пронајдок“ на самата редакција.

Меѓутоа, да претпоставиме дека навистина станува збор за соопштение. Тоа, сепак, не е доволно за да се оправда формата во која е тоа претставено во порталот. Почнувајќи од насловот, кој е поставен на препорачлив начин, текстот има еден суштински проблем: наместо да го цитира изворот, редакцијата си ја презема улогата сама да каже кој треба да ги организира средбите за обединување на Албанците.

Од насловот па сè до крајот, текстот се води во духот на еден целосно едностран став. Нема ниеден премин, ниеден вид комбинација, баланс или некој друг деликатес што би го направил текстот посоодветен за да се смета за вест. Исто е како да одите во еден ресторан и да нарачате една порција макарони, а келнерот да ви ги донесе тие сосе амбалажа во една чинија, неварени, без сос, без сирење и на крај ви ги дава вилушката и ножот кажувајќи ви со насмевка на лицето – добар апетит. Навистина, тоа што е напишано во овој текст, нема никаква разлика со овој сатиричен пример.

Во содржината се спомнуваат и термини што не се воопшто новинарски, односно алузијата на државното знаме со „вентилатор“. Прво, тој „вентилаторот“ на албански јазик се вика „освежувач“, „освежило“ и, второ, не е дека можеби за некого државниот симбол нема сличности со овој објект, но тоа не е доволно за да се употребат такви термини во еден сериозен напис и уште помалку во една вест, без да се направи професионално растојание од употреба на епитети. Доколку тој термин стои во соопштението, треба да биде придружуван со додатокот „според организацијата, вентилатор“.

Потоа се пуштаат и други пораки, кои оставаат одредени впечатоци за ставовите и за дејствата на албанската дијаспора, но на крајот на краиштата, ова не е проблем на дијаспората, туку проблем на авторот на текстот и на медиумот, кои не прават вести, туку стануваат гласници и еднострани пренесувачи на совети.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се одреди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

можеби

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести