verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Жерновски тенденциозно критикуван за снегот

on 9 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

dfret

[Рецензија: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО)]

 

Во текстот што го рецензираме, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, неосновано се обвинува дека службите на Општината не ги чистат улиците во Центар. Станува збор за дезинформација, бидејќи речиси истовремено со објавувањето на овој текст, до медиумите стигна соопштение од Општината во кое се информира дека снегот во Центар се чисти со четири возила и на улиците се фрлени неколку тони сол. Исто така, градоначалникот Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ остави контакт-телефон на раководител во Општината, за граѓаните да се обратат доколку на некоја од улиците не е интервенирано од службите.

dfretЛинк до оригиналниот напис: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО)

Датум и време на објавување: 05.01.2017

Датум на рецензирање: 09.01.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

НЕДОСТИГА СТАВ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

Текстот го критикува градоначалникот Жерновски дека  снегот го „изненадил“ и во прилог има некоклу  фотографии од нерасчистени улици со снег.

„Снегот го изенади градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во јануари. Улиците во централната скопска општина останаа неисчистени по снежниот бран кој од утрово ја зафати државата“.

Според официјалното соопштение на Општината, пак, „екипи на општина Центар од раните утрински часови излегоа на терен и го чистат снегот по улиците и по тротоарите, кои се во надлежност на општината, нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат“.

Во написот, исто така, се говори дека имало наводини реакции од револтирани жители на Општина Центар, но нема ниту една изјава, па напишаното изгледа неуверливо.

„Жителите на Центар коментираат дека службите на општината целосно потрфлија и додаваат дека ако снегот продолжи да паѓа со овој интензитет, набрзо улиците ќе бидат целосно непродни, а општината парализирана“.

Овој необјективен и коментаторски текст ја дава сликата само од еден агол. Во него нема изјава од засегната страна – градоначалникот Жерновски, а не е прикажано ниту соопштението од Општина Центар за актуелната состојба со снегот. Па, наместо да пренесе коректна и политички необременета информација, написот ја дезинформира јавноста уште со изборот на тенденциозниот наслов.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести