verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Критика преку „Фејсбук“ не е секогаш вест, а ниту е доказ за „тензиите во ДУИ“!

on 6 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 246 - Tensione në BDI I Iliria News Agency - http___ina-online.net_tensione-ne-bdi_

Напис: Тензично во ДУИ

Џезаир Шаќири, поранешен „командант Хоџа“, пишува дека ситуацијата во ДУИ е многу тензична.  Пратениците од оваа партија имаат мака со својот лидер, бидејќи тој по секоја цена сака да формира коалиција со Никола Груевски.

„Тензично во ДУИ. И тие малку пратеници кои имаат патриотски чувства, имаат мака со Али Ахмети. Му велат: Али, ако формираме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгубиме локалните избори, ќе бидеме изолирани од меѓународната заедница и Албанците. Но, Али Ахмети решително вели: „Дури и да ги изгубиме локалните избори и меѓународната заедница, влада ќе правиме со ВМРО и за тоа одлучувам јас“. Оваа решителност на Али Ахмети да жртвува сè поради ВМРО, не може да се објасни поинаку освен дека ВМРО-ДПМНЕ ги добила од Белград оригиналните документи за Александар Антиќ. Таква е таа работа, кога ќе ја продадеш зад……а, на крај завршуваш засрамен. Албанците во Македонија од канџите на антиалбанецот Никола Груевски и на удбашот Али Ахмети може да ги спасат само пратениците на ДУИ, ако има такви кои имаат барем трошка совест во ДУИ“, напишал Џезаири на неговиот профил на „Фејсбук“.

 

[Рецензија: „Тензично во ДУИ“]

Многупати сме пишувале за феноменот на објавување на „вести“ целосно инспирирани од некој статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Сме рекле и дека личните статуси на корисниците на социјалните мрежи сами по себе не претставуваат вест. Но, сè било залудно. Трендот на пишување вести на овој начин никако да престане, туку, напротив, станува сè поистакнат. Не се сомневаме дека имаме работа со еден глобален феномен, но тука кај нас, тој си има една поинаква форма.

[Recension: “Tensione në BDI”]Линк до оригиналниот напис: Тензично во ДУИ

Датум и време на објавување: 28.01.2017

Датум на рецензирање: 31.01.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Во моментот кога високи државни функционери или, пак, важни претставници на меѓународната заедница пишуваат статус или, пак, се изјаснуваат преку социјалните мрежи, нормално дека може да се сметаат како веродостојни извори кои може да се употребат при пишување на една вест.

Но, тука не се работи само за личности чие мислење е од посебен интерес за целата јавност поради важноста на функцијата која тие ја извршуваат. Обично овие личности не ги администрираат сами своите страни на социјалните мрежи, туку зад нив стои екипа на администратори кои ги објавуваат официјалните ставови на овие личности или, пак, на институциите кои тие ги претставуваат.

На пример, статусот на новиот претседател на САД објавен на „Твитер“ претставува негов официјален став. Во последно време јавните службеници, политичарите и другите јавни личности овие профили ги имаат за да го искажат своето јавно мислење, значи тие створиле еден „официјален“ профил преку кој ќе комуницираат со своите следбеници и преку кој на најбрз можен начин може да го пренесат тоа нивно мислење. Во вакви случаи, сосема е нормално да се цитираат одредени извори и, нормално, ако сме сигурни дека не се работи за лажни профили.

Меѓутоа, во Македонија постои еден друг феномен, кој нема никаква врска со ова што го кажавме досега. Голем дел од порталите во нашата земја се во лов на „скандалозни“ статуси напишани од многу личности, важни и неважни за јавноста, за сите нас, секојдневно на социјалните мрежи. Но, многу често се случува да имаме работа со статуси кои не се „пакетирани“ за да се објават во јавноста. Тие едноставно претставуваат изразување на едно лично мислење, па дури и моментално „чувство“ на секој од нас, затоа што сите ние имаме право да бидеме малку емотивни во животот.

И, што се случува? Оние што се жедни за скандали, со нетрпение ја чекаат својата „жртва“. Таков е случајот со споменатиот напис. Во него е земен еден статус на Џезаир Шаќири, познат и како „командант Хоџа“ и е претворен во текст.

За Џезаир Шаќири не можеме да кажеме дека е непознат за јавноста. Но, неговото неучество во јавниот и во политичкиот живот, за еден новинар уште на самиот почеток треба да бидат индикација дека ставовите на Шаќири, доколку не се докази за злоупотреба или за некоја вест која е од интерес на јавноста, тие не треба да се земаат како материјал со кој без други дополнителни елементи може да се состави една вест.

Цитираниот субјект е познат како личност со негативен став кон ДУИ, а особено кон Али Ахмети. Ова не е никаков проблем. Па, речиси 50 проценти од албанското население во Македонија е против ДУИ (ова се докажа на последните парламентарни избори, во кои другите партии на Албанците заедно добија повеќе гласови од оваа партија).

Проблем е кога еден сериозен медиум ставот на една личност го употребува за да го искаже својот став, кој нема смелост да го искаже во свое име. И сето ова се прави на еден сосема „читлив“ начин. Ова не е добро ни за новинарството во целина, а ниту за еден одреден медиум. Еден медиум може да биде против една политичка партија, но кога станува збор за вест, ние како новинари треба да се дистанцираме, да ги потиснеме нашите лични убедувања и да бидеме сеопфатни. Токму ова ја прави разликата меѓу професионален и непрофесионален новинар.

Во текстот е направен „копи-пејст“ на еден статус, а се употребуваат и вулгарни зборови кои немаат место во јазикот на новинарството. Се прават обвинувања на адреса на еден лидер на партија за шпионирање во полза на српските тајни служби итн.

А да не зборуваме за тоа што нема ни најмал обид да се земе одговор, било од „обвинетиот“, било од партијата на чие чело стои тој. Во новинарството ова се смета за нечесен пристап кон стандардите на професијата.

Овој начин на пишување вести е навистина штетен за менталното здравје на тие што ги следат и ги читаат вестите, но, исто така, создава и одбивност кон медиумот, намалување на релевантноста, но и на довербата од читателот. Што почесни сме кон јавноста, толку повеќе ќе нè следат, а ќе ја уживаме и нејзината полна доверба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Не може да се утврди дали е информација или е дезинформација

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести