verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шокантна лага за еден измислен конфликт

on 24 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 227 - Tension në kufirin Kosovë – Serbi_ Të_ - http___www.tetovasot.com_2017_01_t

 

Напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!

На границата меѓу Косово и Србија, односно во близина на селото Добросин денеска имало една премногу тензична ситуација.

Весникот „Блиц“ од свои извори разбрал дека имало пукотници од огнено оружје меѓу српската жандармерија и косовската полиција.

Според изворите на весникот „Блиц“, српската жандармерија била таа која провоцирала прва.

„Во еден момент, ситуацијата ескалира. Се слушнаа пукотници од оружје“, истакнал овој извор, не давајќи повеќе детали.

Според овие извори, настанот се случил рано наутро, некаде по 5 часот.

Од друга страна, од косовската полиција велат дека немаат информации за тензична ситуација во тој дел на границата.

Контактиран од страна на весникот „Блиц“, портпаролот на косовската полиција, Баки Келани, истакнал дека нема информации за такво нешто.

Инаку, односите меѓу Косово и Србија веќе неколку недели се влошени.

Причина за тоа беше изградбата на нелегалниот ѕид во близина на мостот над реката Ибар во Митровица, а потоа апсењето на лидерот на АИК, Рамуш Харадинај, во Франција, врз основа на една потерница од 2004 година, и сега на крај обидот за внесување на нелиценциран воз и со провокативни пораки, што ги донесе до критична точна односите меѓу двете земји.

Од друга страна, српскиот претседател Николиќ провоцираше велејќи дека доколку се појави потреба, тој е готов заедно со неговите синови да војува во Косово.

Официјален Брисел побарал да се смират тензиите и да се продолжи со дијалогот меѓу Косово и Србија.

 

[Рецензија:„Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!“]

За време на разните конфликти во светот, кога две или повеќе сили се судирале една со друга, медиумите често знаеле да се претворат во инструменти за поттикнување војни. Секако, ова е премногу казниво кога станува збор за нашата професија. Но, за жал, кога еден етнички, верски или идеолошки интерес доаѓа до толку очигледен израз што доаѓа и до судир, тогаш медиумите често забораваат сè и се „фаќаат за оружјето“ за да придонесат во неутрализирање на непријателот. Начелно, ова не е праведно, но се случува, и тоа многу почесто отколку држењето на непристрасен и професионален пристап.

[Recension: “Tension në kufirin Kosovë – Serbi: Të shtëna armësh ndërmjet Xhandarmërisë Serbe dhe Policisë së Kosovës!”]Линк до оригиналниот напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!

Датум и време на објавување: 19.01.2017

Датум на рецензирање: 21.01.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Сите прекршувања на професионалните правила се еднакво казниви. Но, доколку има некој поголем прекршок од сите други, тогаш несомнено дека тоа е фрлање бензин во оганот или, поточно кажано, да провоцираш тензии тогаш кога ситуацијата е жешка.

Истото се случило и со овој текст кој го рецензираме. Насловот вели: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција! Секој би се вознемирил кога ќе прочита толку вознемирувачки и тенденциозен наслов.

Потоа, публиката сфаќа дека станува збор за шпекулација, но во првиот момент и може да се сомнева дека можеби навистина се случил еден таков судир. Да не заборавиме дека доколку ваквите наслови беа вистинити, тие би претставувале аларм за почнување на вооружен конфликт меѓу двете држави. Значи, доволен е еден наслов за да шокира или за да го провоцира населението.

Воопшто не е смешно. Замислете, ненадејно да ви тропне некој на врата и да ви рече: „Бргу, бегајте, некој поставил автомобил бомба во вашето маало!“ Како би реагирале вие во тие моменти? Потоа, „известувачот“ може цел ден да ви зборува дека тоа било само шега, но вие веќе сте го доживеале стресот.

Не е добро да се одбере оваа форма за добивање поголем број на кликнувања. Барем не од човечки аспект. Видете каква чиста лага е текстот. Се кажува локацијата и времето кога наводно имало вооружен судир меѓу полициските сили на двете држави. И, ова го дознал весникот „Блиц“ од „свои“ извори. Каде ли ги наоѓате овие извори, извори што никој друг не ги нашол и не ги слушнал?!

Во продолжение, самиот текст ја демантира лажната вест, додавајќи дека во моментот кога била контактирана косовската полиција, тие изјавиле дека немаат информации за такво нешто. Значи, еден релевантен извор го кажува спротивното на тоа што е кажано во насловот на почетокот од текстот. Ова точно покажува дека текстот сосема свесно е напишан за да провоцира паника кај луѓето. Ако е така, ова покажува една истакната професионална недозреаност. И најголемиот аматер, доколку има трошка професионален морал, не би направил вакво нешто. Никој го нема правото да си игра со чувствата на граѓаните.

Потоа, во продолжение текстот е во ред и со потврдени информации. Но, што ќе ти е, кога на почетокот влева страв кај публиката? Таквите вести што содржат лаги, поттикнуваат омраза и ја тероризираат публиката, се сосема казниви со секоја меѓународна конвенција за правата и слободите на човекот воопшто, но и од страна на медиумските организации. Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија вели:

Начинот на информирање во случај на несреќи, катастрофи, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, треба да биде ослободен од сензационалноста.
Новинарот нема да состави свесно и ниту ќе третира информации што ги загрозуваат правата и слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација врз каква било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Како и да е, информации од оваа природа се неприфатливи и треба да се запрат што е можно поскоро, бидејќи никој не останува „верен до смрт“ на еден медиум. Довербата треба да се добива секој ден, со точно и сигурно информирање. Бидејќи луѓето ќе побараат нови патеки за да добијат точни информации за настаните, и вака, ќе останеме без ниту еден следбеник, осамени и посрамотени.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

напис со една дијаметралност на фактите, но во недоволен број

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

поттикнувачки говор

поттикнувачки говор

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести