verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандата не е новинарство!

on 29 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ]

Новинарот не смее да пропагира на сметка на неговата професија. Една половична вест или извадена од етичките рамки на професијата, не може да се смета за статија што информира.

Kështu do duket konvikti i USHT së screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ”

Датум и време на објавување: 19.11.2015

Датум на рецензирање: 20.12.2015

Рецензент: Адриан Керими

Веста што ја рецензираме има премногу недостатоци, како структурални така и содржински, но, над сè, таа има цел да пропагира.

Јавноста треба да знае што се гради од буџетските средства и за каква функција, кого властите финансираат, но ова не значи дека новинарот е тој што треба да ги фактурира заслугите.

Оваа одлука му припаѓа на читателот, кој го има ова апсолутно право.

„За овој објект се смета дека ќе ги исполнува барањата и потребите на студентите на Државниот Универзитет на Тетово. Затоа е предвидено да се гради и финансира од страна на Министерството за образование и наука на Македонија, известува Журнал“.

Читателот треба да се информира од текстот за тоа што треба да има еден студентски дом, но информациите треба да се даваат од надлежните органи и информацијата треба да биде цитирана.

„Овој дом треба да има спални соби, читална, библиотека, кујна со која студентите ќе можат да се служат на најдобар можен начин“.

Структурата на оваа вест има многу недостатоци. Таа не ги содржи сите новинарски стандарди. На крајот од текстот, новинарот врши политичка пропаганда за сметка на ДУИ, особено видливо преу зборовите „капитална инвестиција на ДУИ“ и „реализација на даденото ветување“. Овој акт на новинарот не е етички и категорично е во спротивност со правилата на професионалното новинарство.

„Се очекува да се изгради за време на идната година и е една од најголемите капитални инвестиции што партијата на власт ДУИ им ги ветила на Албанците“.

Овој елемент зема уште понегативни нијанси, бидејќи цело време се зборува за објект што ќе се изгради во иднина. Етичкиот кодекс јасно одредува дека новинарот нема право да врши политичка пропаганда. Во двата члена на точка 14 од етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, јасно се нагласува:

  • Пропагандата за некоја политичка партија или опција нема ништо заедничко со новинарската професија.
  • Партиската или идеолошката позадина на информацијата не смее да влијае на одлуката за нејзино објавување.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Не може да се исклучи можноста

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести