verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Израсна статусот на „Фејсбук“ и стана вест

on 29 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Мехмети:„Нека ни е за навек основањето на Државниот Универзитет на албански јазик „Мајка Тереза” во Скопје”]

Социјалните мрежи секој ден сè повеќе стануваат прва влезна порта кон веб-страниците и сè повеќе се интензивира нивната улога како електронска пошта за комуникација, заменувајќи го е-маилот како медиум креиран ексклузивно за оваа намена. По „Гугл“, „Фејсбук“ со повеќе од 500 милиони корисници во светот, оди кон сопствена централизација во кибернетскиот свет. Функциите на оваа социјална мрежа се многубројни и главно се познати за корисниците. Главното прашање е: дали помислил некогаш авторот на оваа мрежа, дека овој прозорец ќе се користи за да се врши новинарство преку статусите што се објавуваат таму?

Линк до оригиналниот напис: „Нека ни е за навек основањето на Државниот Универзитет на албански јазик „Мајка Тереза” во Скопје

Датум и време на објава: 21.12.2015, час: 10:44

Датум на рецензија: 23.12.2015Recension: Mehmeti: Na qofte per jete e mot themelimi i Universitetit Shteteror ne gjuhen shqipe "Nene Tereza" ne Shkup

Рецензент: Агрон Врангала

Изгледа медиумите во нашата земја ги чека уште многу работа додека да го стигнат потребното ниво на коректност во пишување и во известување за вестите. Постојат неколку мали правила што ги одредуваат принципите на новинарството и на пишувањето на професионален начин. Порталите повеќе, а весниците помалку, успеваат да направат најмалку пет-шест професионални гафови што се видливи со голо око. Една вест објавена на „Журнал“ (zhurnal.mk), со наслов „Мехмети:„Нека ни е за навек основањето на Државниот Универзитет на албански јазик „Мајка Тереза“ во Скопје“, се претвори во вест само од еден статус на „Фејсбук“, објавен од пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети.

Не навлегуваме во анализа на нејзиниот статус, бидејќи сите корисници на социјалните мрежи имаат право да се изразат како сакаат, но ова нема врска со новинарството. Новинарството подразбира систем на поврзаност на изјавите и верифицикација на фактите во внатрешноста на еден текст, а особено на една вест. „Фејсбук“ е совршен за да се ослободи имагинацијата, да се искаже гневот, да се самоактуелизираш себеси, да се промовира нечија работа и многу други елементи, но тој не може да се смета за едниствен извор на информацијата. Може да се смета за отскочна штица за да се направи повеќе.

Статусот од социјалните мрежи може да се смета и за извор во специфични случаји, но во градењето на веста треба да бидат опфатени и други страни. Копирањето на статусите и нивното правење вест, од друга страна, треба внимателно да се разгледа поради фактот дека се презентира само еден став, кој потоа влегува во пропаганда. Уште повеќе, кога ова се прави со ставот од само еден политичар.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

Статус на Фејсбук

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести