Обвинение и признание не е исто
Објавено во Рецензии
on 30 - 12 - 2015 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот]
Текстот што е предмет на оваа рецензија е по предлог на наш читател, кој прашува: „А каде е пресвртницата“.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот
Датум и време на објавување: 23.12.2015
Датум на рецензирање: 29.12.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
А КАДЕ Е ПРЕСВРТНИЦАТА?
Имено, од насловот на овој напис, се добива впечаток дека Труција признала оти намерно го соборила рускиот авион. Но, кога ќе го отворите текстот, сфаќате дека такво нешто нема, туку тоа е само тврдење на Русија.
„Министерството за одбрана на Русија обвинува дека Турција намерно го соборила рускиот воен авион СУ-24“.
Обвинување и признавање не е исто и тоа овој текст не го разграничил, со што создал забуна кај читателот.
„Портпаролот наведе дека турските медиуми го цитираа вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш кој изнесе точни податоци за бројот на полети на руската воена авијација во Сирија“.
Сепак, признание од страна на Турција нема, а ја нема ниту изјавата на вицепремиерот на Турција што, наводно, ја пренеле турските медиуми.
Од овој материјал може да се види само обвинувањето од Русија. Но, она што е проблем е што ја нема втората страна во приказната, а тоа е Турција.
Така што, не може да се тврди дека Турција нешто признала, а уште помалку да се прави сензација дека настанала некаква пресвртница.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови