verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Весела математика“ со цената на горивата

on 30 - 12 - 2015       

Од денеска ново големо поевтинување на_ - http___press24.mk_od-deneska-novo- 11

[Рецензија:Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари]

 

Сензационален наслов за сензационална манипулација. Како тоа бензините во Македонија поевтинија до 30 денари за литар?! Цената на нафтените деривати се намали, ама не на спектакуларните половина евро за еден литар!

  111Линк до оригиналниот напис: Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари

 Датум и време на објавување: 28.12.2015 10:27

 Датум на рецензирање: 29.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 НАСЛОВОТ ГО УНИШТИЛ ТЕКСТОТ

 Ни се продава „финта“, веќе видена, и од нас низа пати критикувана. Aма еве, сепак, повторена – залепи јак наслов кој не кореспондира со содржината и чекај „кликови“. Повеќе посети значат подобар настап пред комерцијалните огласувачи, ама квантитетот и квалиетот не секогаш одат рака под рака. Тоа, секако, го покажува и овој материјал. Точно е дека во денот кога е објавен текстот следуваше намалување на цените на горивата, ама не до 30 денари за еден литар, како што им се сервира на читателите, од кои дел доста „сочно“ ја коментираат пласираната невистина. Поточно, намалувањето не е за занемарување, ама воопшто не е спектакуларно, туку три денари за дизелот и еден денар за бензините или во прости бројки: литар „еуродизел“ – 43,50 денари, литар „еуросупер БС-95“ –  61,50, а „еуросупер БС-98“ – 63,50 денари. Ова секако е далеку од „најавените“ 30 денари по литар.

Пример, ама баш класичен пример, како насловот со неговата „весела математика“ го уништил целиот текст.

Сепак, и покрај очајната и сензационалистичка насловна конструкција, треба да се нотира дека содржината на написот е коректна, опфатени се повеќе аспекти, од нивото на актуелното дневно производство на нафта, до различните видови на овој енергент, преку бројки, статистика па сè до позицијата на Русија дека нема намера да го намали темпото на црпење нафта. Но, она што може да се минусира е поедноставувањето на целиот сложен процес со утврдување на цените на нафтените деривати во Македонија.

Во овој случај, како да се сакало да се направи изедначување меѓу актуелната цена на нафтата на светските берзи и цената што ние тука ја плаќаме. Сепак, тоа не е баш така зашто домашната Регулаторна комисија за енергетика врши корекција на цените на секои две недели, што значи дека не е баш промптна овдешната реакција на глобалните движења. Понатаму, цената на суровата нафта на светските пазари не е единствениот индикатор што ја формира домашната цена на безнините –  предвид треба да се земе и односот меѓу американскиот долар и денарот зашто доларот е главната светска валута во нафтениот бизнис, а тоа во написот на моменти како да се заборава:

„…Може да се очекува и понатамошно поевтинување на најпобаруваниот енергенс а доколку падне на ниво од 20 долари за барел, тоа значи дека во Македонија литар бензин би чинел помалку од 40 денари а дизелот би паднал на околу 30 денари за литар“.

Ова, сепак е предвидување, нагаѓање со многу варијабли кое во никој случај не ја оправдува формулацијата:

„Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари“

Плус, не треба да се изуми контрадикторноста зашто во еден параграф од текстот јасно се вели во вакви услови најверојатно ќе има поевтинување за 2-3 денари по литар и тоа пред сè кај бензините. Се очекува да поевтини и дизелот, што секако е дијаметрално спротивно од насловот.

Ајде прво да видиме, па да кажеме дека еден литар гориво ќе нè чини 30 денари. Вака, како што е срочено, многу наликува на истрчување, нешто како „прле пред магаре“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести