verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шок од непрофесионалност и од невкус!

on 11 - 01 - 2016       

ШОКАНТНО_ Заев имал чести психички напади и редовно ја п_ - http___zurnal.net_ 11

[Рецензија: ШОКАНТНО: Заев имал чести психички напади и редовно ја претепувал сопруга?!]

 

На која и на каква публика ли ѝ се обраќа написот што е предмет на оваа рецензија, би се прашал човек? Се работи за екслицитно пренесена навредлива содржина од приватен блог, во јавноста веќе познат како извор кој лиферува шпекулации, клевети и навреди упатени кон политички неистомисленици. Текстот е со содржина со која се атакува врз приватниот живот, чест и углед на истакнат претставник на опозиција. Објавениот напис нема ништо со новинарството – има целосно нерелевантен, некредибилен извор, нема структура на новинарска информација, нема ниту обид за оградување од пренесените тврдења, ниту обид да се истражи вистината, говорот е недоличен, а пренесените наводи не се ништо друго освен грст навреди.
И, додека содржината не заслужува ниту да биде цитирана, а уште помалку анализирана од гледиште на новинарски стандарди, мора да се констатира дека објавувањето ваков текст е голема грешка, која не може да се оправда со каков било јавен интерес.

Рецензија: Шокантно да, ама поради непрофесионалност и невкус!Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: Заев имал чести психички напади и редовно ја претепувал сопруга?!

Датум и време на објавување: 31.12.2015

Датум на рецензирање: 8.01.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

СЕНЗАЦИЈА ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

Тешко дека некој воопшто може да поверува во дегутантните наводи на овој текст. Не затоа што тоа што таму пишува е невозможно да се случи, туку затоа што ниту изворот на информациите ниту тој што ги прибавил и објавил ниту, пак, начинот на кој тие се пласирани, влеваат минимум доверба во својата непристрасност и желба објективно и веродостојно да информираат. Напротив, читателот има секаква основа да се посомнева во точноста и во веродостојноста на наводите. Тврдењата дека претседателот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз, Зоран Заев, приватно е насилник во своето семејство и неговото портретирање во најлошо можно светло, со исклучителна доза цинизам и малициозност, во екот на политички тензии и превирања на домашната политичка сцена, а притоа изнесени од  личност која како медиумски активен поединец секогаш и березервно ја застапува политичката опција на владејачката партија, и на лаик би му биле сомнителни.

Кога на тоа ќе му се додадат навистина згрозувачките обвинувања на сметка на Заев (насилник, прељубник, психички растроен), дадени во форма на божемни „доверливи сознанија“ добиени од „извори од поранешната религија“ на Заев, како и добиената „потврдена информација“ од „штабот на СДСМ“, сликата е комплетна. Поради ова, овој материјал тешко дека дури и лековерните читатели би го земале здраво за готово. Капак на сè е насловот, за да нема дилеми што бил првенствениот (единствениот) мотив за објавување на ова невкусно писание – сензација по секоја цена.

Прифајќи дека приватниот морален лик и карактер на јавна личност, политичар, може и треба да биде предмет на јавен интерес, неговото портретирање мора и треба да биде базирано само на проверени информации и на факти, на извори кои се проверливи и непристрасни и, само по исклучок, со добра причина, анонимни. Дали овде се работи за клевета и за навреда, можеби, ќе определи судот, но од аспект на новинарски стандарди и параметри, работата е многу едноставна – објавувањето вакви валканици не носи популарност туку само фрла дамка врз кредибилитетот на тој што ги објавува, бидејќи, некритично прифаќајќи ја и пренесувајќи ја оваа кармакаша на навреди и на дискредитации, пред сè, самиот себеси се дискредитира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести