verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинерски текст за политичка пресметка

on 9 - 01 - 2016       

Класична одмазда на Спасовски- ќе го м_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_k 11

[Рецензија: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал]

Пред нас имаме текст  со впечатлив наслов, напишан во сензационалистички манир. Написот натежнува од тенденциозни напади, во него се нижат непотврдени обвинувања и лични дискредитации.

Класична одмазда на Спасовски- ќе го м_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_kЛинк до оригиналниот напис: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал

Датум и време на објавување: 03.01.2016

Датум на рецензирање: 08.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да им се одмаздува на професионалците во МВР кои учествуваа во разоткривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ.“

Уште на почетокот од текстот се изнесува сериозно обвинување, дека министерот Спасовски им се одмаздувал на професионалците во МВР. И наместо ваквата теза да се аргументира, написот, повикувајќи се на неименувани извори од МВР, излегува со целосно непоткрепено тврдење дека

„…следен на удар е началникот на Одделот за организиран криминал, кој успешно ја организираше акцијата која резултираше со разоткривање на „Фабриката за афери“.“

Понатаму, текстот ја открива причината за наводното разрешување на началникот:

„Одделот за организиран криминал во координација со надлежниот јавен обвинител, не само што успеаја да ја разоткријат фабриката за афери на СДСМ, туку успеаја да одземат бројни докази кои јасно укажуваа на партиската инволвираност на СДСМ во случајот, како и на луѓе од раководството на партијата, меѓу кои и Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се фотографираа со осомничените.“

Но, иако овој напис со леснотија обвинува, сепак, не посочува конкретно кои се тие „бројни докази“ што говорат за поврзаност на Заев и на Спасовски со „Фабриката за афери“. Инаку, за споменатиот случај сè уште не е почнат судски процес.

 

НЕИМЕНУВАНИ ИЗВОРИ И „ВИРТУЕЛНИ“ ЕКСПЕРТИ

Материјалот што го рецензираме не нуди ниту докази за тврдењето дека:

„на удар ќе бидат и Началникот на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА во СВР Скопје, помошниците на Директорот во Одделот за униформирана полиција, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за гранични работи и миграции, Началникот на Централните полициски сили (ЦПС), Началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.“

За пласирање на ваквата (дез)информација се користи воообичаената формулација „нашите извори велат“. Меѓутоа, новинарските правила налагаат тоа што го велат изворите да се провери пред да се објави. Сепак, тука не е направена таква проверка. Во написот нема став од засегнатите страни – министерот Спасовски и посочените началници на кои, наводно, им се подготвувала смена.

Текстот се повикува и на „виртуелни“ познавачи и без да пренесе конкретни експертски мислења, крерира перцепција дека „се прави хаос во МВР“.

Проблемот со овој текст, генерално, е што на читателите им се нудат непотврдени информации како стопроцентна вистина. Всушност, се подметнува една спинерска конструкција која има цел да ја нападне опозицијата, а особено да го дискредитира министерот Спасовски. Па, онака како што е скроен и пласиран, текстот нема многу допирни точки со новинарството, тој повеќе изгледа како да е политички инспириран.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести