verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Илјадници евра истресени од ракав!

on 9 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Специјалната обвинителка со семеен буџет т_ - http___netpress.com.mk_199526-2_ 11

[Рецензија:Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра]

 

Ова е уште еден од низата текстови што неуморно се обидуваат да ја дискредитираат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е една од најважните алки во процесот за расчистување на најголемата криза во која се наоѓа Македонија по конфликтот во 2001 година.

12528190_10205747226736254_1890391048_oЛинк до оригиналниот напис: Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра

Датум и време на објавување: 05.01.2016, 11:11

Датум на рецензирање: 08.01.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ПРОЦЕНКИ ОД ОКО

Најновиот напад е дека „семејниот буџет на обвинителката тежи илјадници евра“, а освен претпоставката за платата на Јанева, нема ниту еден друг податок дека буџетот на нејзиното семејство достигнува толква сума. Самиот збор „илјадници“, пак, не е конкретен и може да се однесува на две илјади евра, но и на десетици, па и на стотици илјади евра.

Во текстот се вели:

„Нетпрес дојде до документ кој покажува дека нејзиниот син, Лазар Јанев е едно од лицата одговорни во Транзитниот Центар Винојуг во Гевгелија, и е дел од проект финансиски поткрепен од Данскиот совет за бегалци. Според неофицијалните податоци до кои дојде Нетпрес, месечниот надомест кој Лазар Јанев го добива за својот ангажман во оваа странска организација, изнесува неколку илјади евра.“

Меѓутоа, написот не посочува докази дека платата на синот на Јанева „изнесува неколку илјади евра“ ниту, пак, кажува колку се тоа „неколку“. Во текстот е прикажан документ во кој го пишува името на синот на Јанева, како и уште седум други имиња, но во него ја нема сумата за која тој бил ангажиран.

Во написот се шпекулира и за платата на Јанева, дека изнесува околу 1.700 евра, но и за овој износ нема никаква потврда.

Исто така, не се забележува дека е направен обид  да се побара Јанева за да потврди или да демантира дали финансиската состојба на нејзиното семејство е навистина таква. Наспроти тоа, написот без никаква потврда заклучил дека

„само два члена од семејството Јаневи месечно заработуваат неколкупати повеќе од секое просечно семејство во Република Македонија.“

Еден професионално сработен текст не смее да проценува „од око“ колку заработува јавниот обвинител. Темата е интересна, но на читателите треба да им се прикажат точни и проверени податоци, а не да се шпекулира со бројки и да се поигрува со суми истресени од ракав!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести